Висајско Море — море на територијата на Филипините, обиколено со регионите Источни и Западните Висаи од исток и запад, и Централни Висаи од југ. Околу морето се сместени островите Масбате на север, Лејте на исток, Себу и Негрос на југ, и Панај на запад.
Морето е поврзано со Сибујанското Море на северозапад преку протокот Хинтотоло, со Самарското Море на североисток, Камотското Море на југоисток, Бохолското Море на југ преку протокот Тањон и Сулското Море преку Гимарашкиот Проток и Панајскиот Залив. Најголем остров во Висајското Море е Бантајан.
Категорија:Мориња во Тихиот Океан Категорија:Мориња на Филипините Категорија:Висајски Острови