Марјан Јанески (роден на во Гостивар) — македонски кошаркар и поранешен член на македонската машка репрезентација. Тој настапува за кошаркарскиот клуб Гостивар.
Кариера Клупски настапи Својата професионална кариера ја започнал гостиварски Маврово во 2006 година. Во Маврово играл сè до крајот на 2007 година. Во јануари 2008 година, за време на полусезоната, Марјан Јанески се префрлил во Работнички. За сезоната 2008/09, Јанески бил вклучен во екипата на Работнички, но потоа бил пратен на позајмица во Торус. За следната сезона целосно се префрлил во Торус каде играл сè до 2011 година. Во јули 2011 година, Јанески се префлил во МЗТ Аеродром. Во МЗТ, Јанески останал сè до ноември истата година, кога се префрлил во Куманово 2009. За сезоната 2017/18, тој ја продолжил соработката со Куманово. За сезоната 2018/19, Јанески се преселил во Работнички. Со Работнички, Јанески го освоил Купот 2019, додека во Првенството бил вицепрвак. На почетокот на август 2019 година, Јанески бил во преговори со Куманово. Во средината на август, Јанески официјално ги сменил клупските бои и по вторпат заиграл за Куманово. За сезоната 2020/21, во средината на јуни 2020 година, тој потпишал двогодишен договор со Гостивар.
мини|(Куманово - Фени индустри) 12.11.2017 мини|(Куманово - Гостивар) 05.05.2018
Репрезентативни настапи
Успеси
Титули Работнички Прва македонска лига (1) : 2008/09 (пратен на позајмица) Куп на Македонија (1) : 2019
Признанија Трета најдобра петорка на сезоната 2016/17 Втора најдобра петорка на сезоната 2017/18 Најдобра домашна петорка на сезоната 2017/18 Најдобра домашна петорка на сезоната 2018/19 Почесно споменување во сезоната 2018/19 Најдобра домашна петорка на сезоната 2019/20 Почесно споменување во сезоната 2019/20
Наводи
Надворешни врски Профил на Марјан Јанески на eurobasket.com
Категорија:Живи луѓе Категорија:Кошаркари од Гостивар Категорија:Родени во 1988 година Категорија:Кошаркари на КК Работнички Категорија:Кошаркари на КК МЗТ Скопје