Амхерст Колеџ (јас/ˈæмərst/ ) е приватен хуманитарнонаучен колеџ којшто се наоѓа во Амхерст, Масачусетс, САД. Амхертскиот Колеџ е трета најстара високообразовна установа во Масачусетс.  Факултетот има исто име со гратчето каде што е сместен, којшто пак го носи името на Лордот Јеф Амхерст. Првично Амхерсткиот Колеџ бил само за машки, сè до 1975. Амхерст е дел од лигата на колеџи попозната како Малата Бршленова Лига.лево|мини|378x378px|Џонсон Параклисот - сег. Џонсон Сала мини|Двориштето на Бруцоши|287x287px|левоАмхерст е исклучиво додипломска образовна установа каде што студирале 1,795 студентите во есента 2015. Студентите можат да изберат предмети од 38-те сосредоточени програми на знање при отворен курикулум. Тоа значи дека студентите не мора да исполнат барања за дистрибуција на области, и да учат т.н. суштински предмети, до таа степен што тие дури и можат да создадат свои интердисциплинарни звања."Areas of Study", amherst.edu.  Бруцошите може да запишат напредни предмети, а тие што завршуваат да земат воведни предмети.

Амхерст ги охрабрува сите посветени и заангажирани средношколци да аплицираат, небитно од нивната финансиска состојба, нудејќи дарежлива материјална поддршка. Во апликацијата не се зема в'обѕир можноста на студентот и неговото семејство финански да си допушти едно такво образование, туку пред сè неговата подготвеност, академски и сеопфатно, за ригорозниот образовен процес. Амхерст е еден од малкуте Американски високообразовни установи кои не ја земаат в'обѕир финанската позадина на студентот за домашни но и замеѓунардони студенти исто така, и нудат целосна покриеност на трошоците за студирањеhttps://en.wikipedia.org/wiki/Need-blind_admission#U.S._institutions_that_are_need-blind_and_meet_full_demonstrated_need_for_both_U.S._and_international_students. Заради тоа, таму се запишани некои од најдобрите ученици од САД, но и од светот. Студентите на Амхерст се одликуваат со академска екселенција, посветеност кон екстракурикуларните активности, како и дух за позитивни промени.

За класот од 2020, Амхерст примил 8,397 апликации, прифатил 1,149, или 13.7% стапка на прифатеност. За меѓународните студенти, стапката на прифатеност е околу 5% за класот од 2020.

Амхерст е рангиран како втор најдобар хуманитарнонаучен колеџ во земјата од страна на U.S. News & World Report, и 12 од сите американски колеџи и универзитети според Forbes во нивната едиција од 2016г.

Галeрија Алумни Иако споредбено мал факултетот, Амхерст има доста познати и обзнаени студенти кои студирале таму, вклучувајќи лауреати на Нобеловата,Крафордовата и Ласкеровата награда. Тука спаѓаат и лауреатите на МекАртур Стипендистите, победниците на Пулциеровата Награда, Националениот Медал за Наука и Националната Награда за Книга. Постојат и студенти кои се здобиле со награди од Филската Академија на САД, и Тони, Греми и Еми Наградите. Во Амхерст се школувале и Претседатели на САД, сегашниот Кнез на Монако, два премиера и еден Министер за Надворешни Работи на Грција, четвртиот Претседател на Кенија, еден судија во Врховниот Суд [ ]во САД, тројца претавници во Домот на Претставници, еден американски Поетски Лореат, и пронаоѓачот на банкта за крв; тука спаѓаат и голем број на водачи во областа на науката, религијата, политиката, Мировниот Корпус на САД, медицината, правото, образованието, комуникациите, и на бизнисот, и признати глумци, архитекти, уметници, астронаути, инженери, активистите за човекови права, пронаоѓачи, музичари, филантрописти и писатели.

Список на попознати алумни

Студенти Емили Дикинсон (1830-1886), американска поетеса Келвин Кулиџ, 30-тиот Американски Претседател и поранешен гувернер на Масачусетс Кензот Алберт II на Монако Џером де Ботин, претседател на ФК Монако Давид Фостер Волес, американски писател Џозеф Монкур Марч, американски поет Ден Браун, познат романописец, писател на светскиот бест-селер Кодот на Да Винчи Џозеф Стиглиц, добитник на Нобеловата награда за економија Мартин Швартц, трговец Јоргос Папандреу, поранешен грчки премиер Харлан Кобен, американски писател Андонис Самарас, поранешен грчки премиер Аделард Годбу, агроном и премиер на Квебек, Канада во 1936, и од 1939 до 1944.

Попознати професори Роберт Фрост (1874-1963), американски поет Вилиам Таубман, добитник на Пулциеровата Награда во 2004 Жан-Шарл Дармон, критичар, француска книжевност мини|Салата Фајерведер|347x347px|левомини|Бибилиотека Фрост, која го носи името по Роберт Фрост, поет и поранешен професор на факултетот|434x434пкс Наводи десно|мини|230x230пкс|Кирби Меморијаниот Театар