Ивана Туфегџиќ (, Скопје) — македонски политичар и независен пратеник во деветтиот состав на Собранието на Република Македонија. Средно училиште завршила во гимназијата „Орце Николов“ – Скопје, а дипломирала политички науки на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. На парламентарните избори во 2016 Туфегџиќ станала пратеник како кандидат на СДСМ во првата изборна единица, каде партијата освоила 10 пратенички мандати.

Туфегџиќ претходно била еден од претставниците на Студентскиот пленум во преговорите со министерството за образование за изготвување нов закон за високо образование, како и дел од протестите против законот за воведување државен испит на факултетите. Како граѓански активист учествувала во низата протести на „Шарената револуција“ против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на 56 лица опфатени во истрагите на Специјалното јавно обвинителство.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Пратенички состав 2016-2020 Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“