Првата македонска ракометна лига — второ по ред ракометно натпреварување во Македонија во машка конкуренција, по Супер лигата. Првакот обезбедува пласман во Супер лигата.

Формат на натпреварување До сезоната 2024/25, екипите биле поделени во две групи (А и Б), а најдобрите пет екипи во двете групи се пласирале во плеј-оф разигрувањето за пласман во Супер лигата, додека пак екипите пласирани од шестото до деветтото место играле во плеј-аут разигрувањето.

Од сезоната 2025/26, се игра во двокружен систем, каде што сите екипи играат помеѓу себе на домашен и на гостински терен, вкупно 26 натпревари во сезоната по екипа. Првопласираната екипа на крајот на сезоната обезбедува пласман во Супер лигата, а второпласираната екипа игра бараж натпревар на неутрален терен со претпоследната екипа од плеј-аут разигрувањето во Супер лигата.Првата лига со 14 екипи, се менува системот на натпреварување 24rakomet.mk 2 јули 2025 Нема испаѓање од лигата.

Тековни екипи Список на екипи кои се натпреваруваат во сезоната 2026/27.

Екипа Град Сала Капацитет Аеродром Скопје СЦ Јане Сандански (мала сала)1000 Вардар Неготино Неготино Спортска сала Св. Кирил и Методиј 500 Драчево Јуниор Скопје Училишна сала Архиепископ Доситеј300 Илинден Илинден Спортска сала Гоце Делчев 500 Јехона Гостивар Спортска сала Младост1500 Македонија ЃП Скопје Спортска сала Кочо Рацин300 Овче Поле Свети Николе Спортска сала Цар Самоил500 Партизан 2016 Спорт Гевгелија Спортска сала 26 април1600Пролет 62СкопјеУчилишна сала Македонско Сонце500 Преспа 2025 Ресен Спортска сала Зоран Стојановски1000 Радовиш Радовиш Спортска сала 25 Мај1400 Сокол Саса Македонска Каменица Училишна сала Св. Кирил и Методиј300 Текстилец Штип Училишна сала Тошо Арсов300 Шампион Скопје Училишна сала Архиепископ Доситеј300

Поврзано Куп на Македонија Супер лига мажи Супер лига жени

Наводи

Надворешни врски Службено мрежно место на Ракометната Федерација на Македонија

Категорија:Прва македонска ракометна лига (мажи)