Дукља (, , ) ― средновековна држава која приближно ја опфаќала територијата на денешна југоисточна Црна Гора, од Которскиот Залив на запад до реката Бојана на исток, и до изворите на реките Зета и Морача на север.
мини|200п|лево|Оловниот печат на архонт Петар (или Предимир) (IX век). Првиот познат владетел на Дукља е архонт Петар, кој бил во вазален однос спрема Византија. Следниот познат дукљански владетел е Јован Владимир. Бил вазал на цар Самоил со чија ќерка Теодора (Косара) се оженил. Со потпаѓањето на Самоиловото Царство под византиска власт и Дукља исто така потпаѓа под власта на Византија.
Список на владетели Петар, 10ти или 11ти век Јован Владимир, c. 1000 – 22 мај 1016 Стефан Воислав, 1018 – c. 1043 Михајло I rex Sclavorum (Крал на Словените), c. 1046 – 1081 (Крал од c. 1077) Крал Константин Бодин 1081–1101 Крал Михајло II 1101–1102 Крал Доброслав II 1102 Крал Кочапар 1102–1103 Крал Владимир II 1103–1114 Крал Ѓорѓе I 1114–1118 Крал Грубеша 1118–1125 Крал Ѓорѓе I 1125–1131 (повторно на власт) Крал Градиња 1131–1148 Кнез Радослав 1146–1148/1162 Кнез Михајло III 1162–1186
Категорија:Поранешни држави на Балканот Категорија:Поранешни словенски држави