Белен или Бељан , Сили, до 1927 г. Μπελέν или Μπέλλεν, Белен) — село во Општина Бук во Драмски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 56 километри источно од градот Драма и на 17 километри северно од Општина Бук. Селото се наоѓа на во јужните делови на Родопите, источно од реката Места. Селото се наоѓа на надморска височина од 750 метри.

Историја

Според Јордан Н. Иванов името на селото произлегува од БелјанеИванов, Йордан. „Местните имена между Долна Струма и Долна Места“. София, БАН, 1982, стр. 76.. Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската Каза во составот на Отоманското Царство. Според еден регитар на санџакот Паша од 1569 - 1570 година, селото е запишано како даноко Белана и во него живееле 41 муслиманско семејство и 40 неоженети лица.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 50 македонски муслимански семејстваКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 270..

Според грчката статистика од 1913 година во селото живееле 397 жители Во 1920 година во селото биле регистрирани 482 жители. Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција во 1923 година, муслиманското население било принудено да ги напушти своите домови, додека не негово место било населено грчко население од Анадолија.

Во 1927 година мето на селото било променето во Сили.

Демографија

До 1928 година во Белен биле населени 49 грчки семејства со 162 бегалци од Турција.

Селото во пописот од 1940 година, во селото имало 164 жители, во 1951 година броело 148 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 58 жители, во 1971 година имало 9 жители. На пописот од 1981 година според Тодор Симовски, селото не се споменува бидејќи веќе била напуштена населба и седиштето на општината било пренесено во соседната Џура. Но според пописот од 2001 година, се гледа дека во селото живеат 44 лица.

Наводи

Категорија:Бук Категорија:Чеч