Арџили или Месопотамо () — село во Општина Бешик во Солунски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, ГрцијаKallikratis law Greece Ministry of Interior . Пред реформата на локалната власт во 2011 година Месопотамо бил дел од општина Аполонија.
Географија и местоположба Селото се наоѓа на 27 километри западно од Ставрос и 59 километри источно од Солун, во северниот дел на Халкидик. Селото се наоѓа на надморска височина од 115 метри.
Историја
Во XIX век Арџили било македонско село кое се наоѓало во Лагадинската Каза во рамките на Отоманското Царство.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.
Во 1927 година селото било преименувано во МесопотамоΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αλτσιλή -- Μεσοπόταμο.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско село со 25 семејства и со 96 жители, додека во 1940 година селото броело 104 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 92 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 87 жители, во 1971 година имало 70 жители, во 1981 година имало 38 жители, додека во 1991 година имало 32 жители. а во 2001 имало 74 жители. Денеска, населението на селото е 17 жители според пописот од 2011 година.
Наводи
Категорија:Бешик