Огнена лисица (англиски: Firefox) - американски филм од 1982 година, во режија на Клинт Иствуд, а според сценариото на Алекс Ласкер (Alex Lasker). Главните улоги ги играат: Клинт Иствуд (Clint Eastwood), Фреди Џонс (Freddie Jones), Дејвид Кауфман (David Kaufman), Ворен Кларк (Warren Clarke) итн.

Содржина Поранешниот воен пилот Мајкл Грант (го игра Иствуд) постојано се сеќава на војната во Виетнам. Поради тие трауми, тој е повлечен во мирен живот и не сака повеќе да лета, но повторно се активира кога му нудат да го грабне најновиот советски авион, „МИГ-31“. Со помош на тајните служби, тој оди во Москва, каде се поврзува со група дисиденти, кои му помагаат да стигне во воената база и да го грабне авионот. Отккао ќе направи лажен маневар, тој се упатува кон Арктикот, каде го чека американска подморница којашто му овозможува да го наполни авионот со гориво. Сепак, еден советски авион е во потрага по него, но со вешти маневри Грант успева да му побегне и да го уништи.

Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Клинт Иствуд Категорија:Филмови со Клинт Иствуд Категорија:Филмови од 1982 година Категорија:Акциони филмови