Цвета Божова (1873-?), македонска револуционерка, членка на МРО. Родена е во селото Бобишта, Костурско. Се школувала во Солунската женска гимназија, по што се запишала на Медицинскиот факултет во Софија. По професија била учителка. Учителствувала во Скопје и селото Крчово, Демирхисар, Серско, каде што се зачленила во ТМОРО. Од страна на Организацијата била назначена за благајник на Демирхисарскиот околиски комитет. Во 1907 година дејствувала со вооружена чета во Демирхисарско, Серско.Енциклопедија ВМРО, Скопје 2015, стр 36

Наводи

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски преселници во Софија