Станислава Петрова Караиванова-БалкановаМиладинова-Алексиева, Царевна. Епоха, земя и хора, Издателство на Отечествения фронт, 1985, стр. 351. е бугарска учителка во Македонија и револуционерка.

Животопис Родена е во Сопот, тогаш во Османлиското Царство, денешна Бугарија. Ќерка е на учителката Недела Петкова и е братучетка на Васил Левски по мајчина линија. Во 1872 година станала првата учителка во Битола.Петкова, Неделя. „Спомени“. София, 1987. стр. 24. Поради интриги со гркоманите училиштето било затворено. Станислава Караиванова заминува заедно со својата мајка во Охрид. Исто така била учителка и во Воден (1870-1873),Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга втора, стр. 35. а потоа во Солун и во Крива Паланка (1878).Албум-алманах „Македония“, София, 1931. Заедно со својата мајка учествува во везење на знамето за четата на Димитар Беровски, организатор на Разловечкото востание. Станислава Караиванова напишала и песна за него во текот на 1876 година.

Наводи

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Учесници во Македонското востание