Пилори (, Пилори) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес Грција. Во 2011 година селото броело 69 жители.
Географија и местоположба Селото се наоѓа на 30 километри источно од градот Гребен на надморска височина од 780 м. На околу три километра на северозапад од него в минатото се наоѓало селото Колокитаки.
Историја За време на Османлиското Царство Кон крајот на XIX век Пилори е грчко христијанско село во нахијата Венци на Кожанската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година во Пилори имало 140 Грци христијани.Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
Во селото има неколку храмови од ХІХ век, меѓу кои се истакнува централната селска црква „Успение на Пресвета Богородица“, изградена во 1881 година. На нејзиниот празник, 15 август (Голема Богородица), се одржува годишниот селски собор. Црквата „Свети Апостоли“ во Пилори е прогласена за заштитен историски споменик во 1987 година.
Во Грција За време на Првата балканската војна во 1912 година во селото влегува грчка војска и за време на Втората балканска војна во 1913 година Пилори станува дел на Кралството Грција.
Демографија Неговото население до 1913 веројатно го сочинувале Грци муслимани. К’нчов воопшто не го спомнува. Во пописот од 1913 година евидентирани се 95 жители, а во 1920 година 99 жители. По присилното иселува на Грците муслимани во 1923 година по сила на Лозанската конвенција, во селото биле доселени 50 бегалски семејства со 198 жители колку што броело селото на пописот во 1928 година.
Стопанство Населението во селото произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.
Наводи
Надворешни врски Портал на Општина Гребен
Категорија:Гребен (општина)