Наипли (Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ναϊπλή -- Πολύνερον) — село во Општина Кавала во Кавалскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 30 километри северно од градот Кавала на надморска височина од 500 метри.
Историја Отоманско Царство
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Кавалската Каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 500 ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 202..Според грчката статистика во 1913 година во селото живееле 551 лице.
Грција
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1927 година, селото било преименувано во Полинеро.
Демографија
Во 1928 година во селото биле сместени 41 грчки семејства со 160 лица. Во 1928 година, бројот на населението бил 160 лица, додека во 1940 година селото броело 223 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 161 жител, на пописот од 1961 година во селото живееле 133 жители, во 1971 година имало 37 жители, во 1981 година имало 24 жители, додека во 1991 година имало 45 жители. Денеска, населението на селото е 18 жители според пописот од 2011 година.
Наводи
Категорија:Кавала