Корита (Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ναϊπλή -- Κορυφές) — село во Општина Кавала во Кавалскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 24 километри северно од градот Кавала на надморска височина од 760 метри.
Историја Отоманско Царство
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Кавалската Каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 540 македонски муслиманиКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 203..
Грција
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1927 година, селото било преименувано во Корифес.
Демографија
Во 1928 година во селото биле сместени 64 грчки семејства со 249 лица. Во 1928 година, бројот на населението бил 197 лица, додека во 1940 година селото броело 213 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 208 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 174 жители, во 1971 година имало 99 жители, во 1981 година имало 52 жители, додека во 1991 година имало 111 жители. Денеска, населението на селото е 38 жители според пописот од 2011 година.
Наводи
Категорија:Кавала