Тиса () — најголемото вештачко езеро во Унгарија. Езерото се наоѓа на југоисточниот крај на округот Хевеш, во близина на окрузите Боршод-Абауј-Земплен, Хајду-Бихар и Јас-Наѓкун-Солнок.

Како дел од тековниот проект за контрола на поплави на реката Тиса, браната Тиса е изградена во 1973 година. Полнењето било завршено во 1990-тите, по што е добиено езеро со површина од 127 км2. Езерото е долго 27 км, со просечна длабочина од 1,3 метри и најголема длабочина од 17 m;Lake Tisza Lakepedia.com има мали острови кои зафаќаат површина од 43 км2.EU funds squandered building islands of mud in Lake Tisza Budapestbeacon.com

По завршувањето на резерватот, жителите на Унгарија го користат како место за одмор и рекреација, бидејќи езерото Балатон, традиционално празнично место, е полно со туристи и поскапо. Како резултат на тоа, акумулацијата има развиена туристичката инфраструктура, а владата го именувала за официјално туристичко одредиште.

Локалната власт води строга еколошка политика во врска со езерото и блиската околина, каде има разновидни птици, растенија и животни. На езерото Тиса е подигнат екоцентар за да се соберат и да се прикажат природата и живиот свет во долината на реката и езерото. Екоцентарот бил отворен за јавноста на 27 април 2012 година.

Поврзано Тиса (река) Тиса (брана)

Наводи

Надворешни врски Мрежно место за езерото Мрежно место на екоцентарот за езерото Тиса Езерото Тиса на funiq.hu

Категорија:Езера во Унгарија Категорија:Географски никулци за Унгарија