Јири Лосман (4 февруари 1891 – 1 мај 1984) — естонски атлетичар кој бил специјализиран за трки на долги патеки.

Тој го освоил второто место на маратонската трка на Летните олимписки игри 1920 во Антверпен со резултат од 2:32:49, заостанувајќи 13 секунди зад финецот Ханес Колехмаинен, со што успеал да го освои првиот олимписки медал за Естонија. На Летните олимписки игри 1924 во Париз тој бил знаменосец за својата земја и завршил десетти на маратонската трка.

Животопис Лосман започнал да игра фудбал за клубот Меркур пред да се префрли во атлетиката. Тој бил ранет во првата светска војна, но закрепнал и во 1916 година победил на маратонска трка во Талин и на трката на 5000 метри на руското државно првенство. Во 1923 година, тој победил на меѓународниот маратон во Гетеборг, Шведска. Во 1929 година, тој поставил естонски рекорд во трчање еден час и се натпреварувал на маратонот во Антверпен.

Покрај трчањето, Лосман работел во фабриката за чоколади Каве во периодот од 1922–36 година, и во 1930. години бил тренер за трки на долги патеки, но без посериозен успех. Во периодот 1942–44 година тој бил спортски администратор во Естонија. Во текот на втората светска војна тој избегал во Шведска пред доаѓањето на советските воени сили. Таму тој работел како златар и занаетчија. Во 1964 година, тој изработил сребрен пехар како подарок од заедницата на естонски бегалци за шведскиот крал Густаф VI Адолф Шведски.Lossmann, Jüri. Eesti spordi biograafiline leksikon

Лични рекорди Дисциплина Резултат Место Датум10.000 метри34:051924 г.Маратон 2:32:49 Антверпен, Белгија22 август 1920

Наводи

Надворешни врски Профил на olympic.org

Категорија:Родени во 1891 година Категорија:Починати во 1984 година Категорија:Естонски атлетичари Категорија:Олимписки сребрени медалисти за Естонија