Џиџилер или Џинџилер (), до 1927 година () Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τζιτζιλέρ -- Πετρανά) – село во Република Грција, во општината Кожани, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 682 жители.

Географија Селото се наоѓа на околу 6 км југоисточно од Кожани.

Историја За време на Османлиското Царство Кон крајот на XIX век Џиџилер е турско село во Кожанската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година, во Џиџилер (Ντζιτζιλέρ) живееле 375 Турци.Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001.

Во Грција За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Џиџилер станува дел на Кралството Грција.

Во 1913 година селото Џиџилер има 405 жители. Во 1920-тите години населението се иселува во Турција, а на негово место се населиле бегалци од Турција. Во 1928 година селото е целосно бегалско со 83 семејства и 315 жители бегалци.

Во 1927 година името на селото е променето во Петрана. Демографија Пописи Движењето на населението по години е следното: 1913 – 405 жители 1920 – 449 жители 1928 – 346 жители

Стопанство Населението во селото произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство, посебно со краварство.

Наводи

Категорија:Кожани