Хадова или Хандова (), до 1927 година () Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Χάντοβα -- Πολύμυλος – село во Република Грција, во општината Кожани, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 876 жители.

Географија Селото се наоѓа источно од Кожани, на јужните падини на планината Дурла.

Историја За време на Османлиското Царство Кон крајот на XIX век Хадова е турско село во Кожанската Каза на Османлиското Царство.

Во Грција За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Хадова станува дел на Кралството Грција.

Во 1913 година селото Хадова има 408 жители. Во 1920-тите години според Лозанскиот договор населението се иселува во Турција, а на негово место се населиле бегалци, Грци Понди, од Турција. Во 1928 година селото е целосно бегалско со 89 семејства и 338 жители бегалци.

Во 1927 година името на селото е променето во Полимилос.

Демографија Пописи Движењето на населението по години е следното: 1913 – 697 жители 1920 – 868 жители 1928 – 381 жител

Стопанство Населението во селото произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.

Наводи

Категорија:Кожани