мини|Шема на распаѓање на 60Co
Кобалт-60 (Co-60 или 60Co) е радиоактивен изотоп на кобалтот, со период на полураспаѓање од 5,27 години. Кобалтот-60 по пат на бета распаѓање се трансформира во стабилен изотоп никел-60 (60Ni). При процесот на бета распаѓање, кобалтот-60 емитира еден електрон со енергија до 315 keV и два гама-зраци со енергии од 1,17 и 1,33 MeV.
Радиоактивноста на еден грам 60Co изнесува 1,85 ТBq и истата резултира во доза од 0,5 Gy во минута. Доколку човековиот организам прими дозен еквивалент од 3-4 Sv, леталниот ризик изнесува 50% за 30 дена. Оваа вредност се постигнува за време од 6-8 минути изложување на 1 грам 60Co на блиски растојанија до човековото тело.
Историја Радиоактивниот изотоп кобалт-60 е откриен од Глен Т. Сиборг и Џон Ливингуд од Универзитетот Беркли, Калифорнија, во 1938 година.
Производство
Кобалтот-60 се произведува за комерцијална примена во линеарните акцелератори. Исто така може да се добие и како нус-производ во јадрените реактори, резултат на изложеност на градежните материјали на неутронско зрачење, како на пример челикот.
Примена Како трасер во хемиските реакции, Стерилизација на медицинска опрема, Радиоактивен извор во медицинската радиотерапија, Радиоактивен извор во индустриската радиографија, Радиоактивен извор во уредите за мерење на ниво и дебелини, Радиоактивен извор во озраченоста на храна Радиоактивен извор во лабораториска примена.
Надворешни врски Don Skelton. Експеримент за производство на Кобалт-60 Кобалт-60, Агенција за заштита на околината. Национален инвентар за загадувачи - факти за кобалтот Кобалт-60 , Национална лабораторија на САД. Кобалт-60 , Центри за контрола на болести и превенција. Бета распаѓање на кобалт-60, HyperPhysics, Georgia State University. Доктор Хенри Кели. Кобалт-60 како валкана бомба , Федерација на американски научници, 6 март 2002.
Категорија:Изотопи на кобалтот