Велони () — раселено село во Грција, општина Гребен, област Западна Македонија.

Географија Селото се наоѓа северозападно од Балтино и југоисточно од Турија, на надморска височина од 880 метри, во североисточните пазуви на планината Хасија.

Историја Изгледа дека неговото население е од влашко потекло. Во пописот од 1913 година е забележано со 11 жители, во 1920 година има 8, во 1928 година 47, а во 1940 година 33 жители. Бидејќи настрадало во времето на Втората светска војна и во граѓанската војна, во пописот од 1951 година се води како напуштена населба, додека во 1961 година е евидентирано со 15, а во 1971 година со само два житела. Во пописите од 1981 и 1991 година селото е без жители. Населението отсекогаш се занимавало со сточарство.

Наводи

Извори

Категорија:Историски села во Гребен