Љубов Сергеевна Попова (; 24 април 1889 – 25 мај 1924) - руска авангардна сликарка и дизајнерка(кубист, супрематист и конструктивист).

Животопис мини|„Портрет на филозофот“, 1915 Љубов Попова е родена во Ивановско, блиску до Москва, во богатото семејство. Татко ѝ бил Сергеј Максимович Попов, успешен трговец со текстил, а мајка ѝ Љубов Василиевна Зубова. Љубов Попова имала двајца браќа и една сестра. Едниот од браќата, Павел, бил филозоф и чувар на уметничката оставнина на неговата сестра.Dabrowski, M., Liubov Popova, Museum of Modern Art, New York, 1991, p.122. Таа се интересирала за уметноста, посебно за италијанското ренесансно сликарство. На единаесетгодишна возраст, започнала со часови по уметност, најпрво дома, а потоа и во женската гимназија Јалтинскаја. На свои осумнаесет години, таа ја изучувала уметноста заедно со Станислав Жуковски, а во 1908 година, во приватните ателјеа на Константин Јуон и Иван Дудин. Од 1912 до 1913 година, почнала да ги посетува атељеата на сликарите кубисти Хенри Ла Фоконе и Жан Меценже.

Кариера Попова често патувала со цел да истражува и да учи од различните стилови на сликање, но најмногу ја интересирале руските икони, сликите на Џото, како и делата на италијанските сликари од 15 и 16 век.

Во 1909 година, отишла во Киев, потоа во 1910 година во Псков и Новгород. Наредната година посетила други градови во Русија, меѓу кои Сент Петерсбург, каде ги проучувала иконите. Во 1912 година, работела во московското атеље познато како „Кулата“ заедно со Иван Аксенов и Владимир Татлин.

Во текот на 1912 и 1913 година, студирала уметност во Париз. Откако се вратила во Русија, работела со Татлин, Удалцова и со браќата Веснин. Во 1914 година, патувала низ Франција и Италија, во времето кога се создавале кубизмот и футуризмот.Sarabianov, Dmitri, and Adaskina, Natalia, Popova, Harry N Abrams Inc. New York, 1990

Наводи

Категорија:Сликари од 20 век Категорија:Починати во Москва Категорија:Родени во 1889 година Категорија:Починати во 1924 година Категорија:Модерни уметници