Кристијан Данеман Ериксен (дански: Christian Dannemann Eriksen, роден на година) — дански фудбалер, на и на данската репрезентација.
Сметан за еден од најдобрите играчи во историјата на данскиот фудбал и еден од најдобрите играчи од средниот ред на својата генерација, Ериксен се афирмирал во холандскиот клуб , со кој освоил три последователни титули во холандското првенство (2010-2011, 2011-2012 и 2012-2013), еден Куп на Холандија (2009-2010) и еден Суперкуп (2013). Во 2013 година, тој се преселил во , со кој стигнал до финалето на Лигата на шампионите (2019). Од 2020 до 2021 година играл за Интер, со кого ја освоил Серија А (2020-2021) и стигнал до финалето на Лига Европа (2020).
Своето деби за Данска го имаше во март 2010 година, и набргу потоа како најмлад фудбалер настапил на Светското првенство 2010 во Јужна Африка. Со својата репрезентацијата тој учествувал на две Светски (2010 и 2018) и две Европски првенства (2012 и 2020). Моментално го зазема петтото место во репрезентацијата по бројот на настапи и по бројот на постигнати голови со 111 настапи и 38 голови.
На индивидуален план, Ериксен пет патти бил добитник на наградата Дански фудбалер на годината (2013, 2014, 2015, 2017, 2018), што е рекорд со една повеќе од Бријан Лаудруп.
Титули Клупски Ајакс Ередивиси : 3 2010-2011, 2011-2012, 2012-2013 Куп на Холандија : 1 2009-2010 Суперкуп на Холандија : 1 2013
Интер Серија А : 1 2020-2021
Поединечни Талент на годината во Ередивиси: 1 2010-2011 Дански фудбалер на годината: 5 (рекорд) 2013, 2014, 2015, 2017, 2018 ПФА Тим на годината: 1 Премиер лига 2017-2018
Наводи
Надворешни врски
Christian Eriksen at tottenhamhotspur.com
Christian Eriksen at Topforward Danish national team profile
Категорија:Дански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Ајакс Категорија:Фудбалери на ФК Тотенхем Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Фудбалери на ФК Брентфорд Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед Категорија:Живи луѓе