Трка околу Франкфурт 2017 (службено: Ешборн-Франкфурт — Околу Финанцплац 2017) — 55. издание на велосипедската еднодневна трка Трка околу Франкфурт, која се одржала на 1 мај како дваесетти настан во сезоната на Светската турнеја. Ова било прво издание на трката во календарот на Светската турнеја.

Трката била освоена од возачот на , Александер Кристоф, по силното влечење и помош од колегата Рик Цабел; Кристоф завршил неколку должини на тркалото пред најблискиот соперник, освојувајќи ја трката по третпат, изедначувајќи го рекордот на Ерик Цабел, татко му на Рик. Рик Цабел успеал да заврши како втор, додека подиумот бил заокружен од уште еден германски возач, Џон Дегенколб од екипата .

Рута

Трката започнала во Ешборн и завршила во Франкфурт на Мајна, минувајќи низ нискиот планински венец Таунус северозападно од Франкфурт. Главни потешкотии биле искачувањата на Фелдберг, Руперсхајн и Мамолсхајн. Трката завршувала со три круга од 4,5 километри во средиштето на Франкфурт, а целта била пред Старата опера. Целата должина на трката била 215,7 километри.

Екипи

Како нов настан на Светската турнеја, сите UCI World Tour екипи биле поканети на трката, но не биле обврзани да учествуваат. Со тоа, единаесет од осумнаесетте екипи избрале да учестуваат. Дополнително биле поканети и осум професионални континентални екипи, како и германската национална екипа, со што на трката настапиле вкупно 20 екипи.

Поредок Завршен пласман

Наводи

Извори

Надворешни врски

Категорија:Трка околу Франкфурт Категорија:Светска турнеја на UCI 2017 Категорија:Германија во 2017 година