Ѓомлезе, ѓомлезец, тури-потпечи или кашаник — македонско традиционално јадење застапено низ земјата. Има статус на симбол на кулинарството во Охрид и СтругаСтрушки ѓомлезец. Зборот потекнува од турскиот збор gözleme, што значи обланда. Традиционално ѓомлезето се подготвува само од брашно, вода и сол, во поново време му се додава и масло и се пече под вршник. Сè почесто ова традиционално јадење се нуди во рестораните како специјалитет.

Покрената е иницијатива за брендирање на овој кулинарски специјалитет во Охрид.Охрид ќе го брендира ѓомлезето

Рецепт мини|лево|Подготовка на ѓомлезе

2 кг брашно се раствораат во вода по потреба за да се добие средно густа каша. Се засолува по вкус. Тепсијата во која ќе се прави ѓомлезето се поставува на пирустија на оган за да се загрее. Штом се затопли тепсијата се попрскува со масло, се тура една мера од кашата и се покрива со затоплениот вршник. Откога ќе се испече првата кора, постапката се повторува сè додека не се потроши кашатаОхридско ѓомлезе Потребни се неколку часа за да се подготви ѓомлезето.

Наводи

Поврзано Охридска пастрмка; Ѓеврек;

Категорија:Култура на Охрид Категорија:Култура на Струга Категорија:Македонска кујна Категорија:Турцизми