мини|десно|250п|Лого на предизвикот Планинарски предизвик „12 Врвови“ — акција на планинарското друштво Трансверзалец којашто се состои од еднодневни походи со цел искачување на 12 врвови на територијата на Македонија. Предизвикот започнал во октомври 2016 година. Досега се завршени седум сезони и во тек е спроведувањето на осмата сезона. Акцијата е поддржана од здружението на граѓани Единствена Македонија, како и претпријатијата Алгасан и Диманго.

Опис Предизвикот е осмислен по иницијатива на Марио Шаревски, кој во 2016 година ја превел и уредил книгата „Материјали по изучувањето на Македонија“ од Ѓорче Петров, во која детално се опишани планините во Македонија. Предизвикот опфаќа обележување и искачување на 12 „непознати и најмалку посетени“ врвови на различни планини во Македонија, а во него може да учествува секое полнолетно лице со добра физичка и психичка подготвеност за целодневни планинарски походи. Учесниците кои ќе се искачат на сите 12 врвови во рамки на предизвикот, покрај значка и признаница, ќе добијат и примерок од споменатото дело на Ѓорче Петров. Тематиката за искачување на врвовите по целата територија на Македонија може да биде од различен карактер и да се однесува на: географските појави во близина на врвовите како леднички езера, водопади, извори, културно-историското значење на врвовите како археолошки ископини, познати во народното творештво и историјата по некој настан, како и биоразновидноста односно застапеноста на ретки растителни видови во околината на врвот.Планинарски Предизвик „12 Врвови“. ''ПД „Трансверзалец“. 2 октомври 2016.

Список на врвови Изборот на врвови е извршен врз основа на нивното значење како највисоки, историски, езерски и биоразновидносни. Врвовите кои се дел од предизвикот се следните: Врв Височина Планина Сезона Месец Лисец 1.935 м Голешница 1 октомври 2016 Лисец 1.527 м Осоговски Планини 1 ноември 2016 Водени Камен 1.259 м Жеден 1 декември 2016 Плат 2.398 м Шар Планина 1 јануари 2017 Орле 1.480 м Вишешница 1 февруари 2017 Мовнатец 1.564 м Даутица 1 март 2017 Лиска 1.908 м Илинска Планина 1 април 2017 Добра Вода 2.062 м Челоица 1 мај 2017 Веливар 2.373 м Дешат 1 јуни 2017 Стрижак 2.233 м Јабланица 1 јули 2017 Самаркајасен 1.877 м Беласица 1 август 2017 Брзовец 2.082 м Бистра 1 септември 2017 Плавник 2.126 м Даутица 2 октомври 2017 Зајачница 1.760 м Сува Планина 2 ноември 2017 Попово Гумно 1.193 м Китка 2 декември 2017 Гоглин 1.197 м Козјак 2 јануари 2018 Клепа 1.150 м Клепа 2 февруари 2018 Висока 1.472 м Селечка Планина 2 март 2018 Чупино 1.725 м Плачковица 2 април 2018 Кадиица 1.932 м Влаина 2 мај 2018 Бачилски Камен 1.928 м Кораб 2 јуни 2018 Канеш 2.218 м Стогово 2 јули 2018 Радуч 2.083 м Јабланица 2 август 2018 Трпезница 2.590 м Шар Планина 2 септември 2018 Голема Враца 2.582 м Шар Планина 3 октомври 2018 Бејаз Тепе 1.348 м Средна 3 ноември 2018 Тепе 1.526 м Буковиќ 3 декември 2018 Свински Камен 1.625 м Скопска Црна Гора 3 јануари 2019 Волчјак 1.159 м Серта 3 февруари 2019 Уво 1.472 м Осоговски Планини 3 март 2019 Два Камна 1.919 м Бистра 3 април 2018 Трите Страги 1.478 м Дрен 3 мај 2019 Голема Грива 2.215 м Баба 3 јуни 2019 Кале 2.112 м Јакупица 3 јули 2019 Лакосигној 1.984 м Галичица 3 август 2019 Дудица 2.132 м Кожуф 3 септември 2019 Бистрички Врв 2.572 м Шар Планина 4 октомври 2019 Фојник 1.420 м Сува Гора 4 ноември 2019 Бајрак 1.527 м Караџица 4 декември 2019 Перен 1.326 м Козјак (Козјачија) 4 јануари 2020 Кафчал 1.757 м Лубен 4 февруари 2020 Унка 1.362 м Беласица 4 март 2020 Ченгино Кале 1.752 м Малешевски Планини 4 април 2020 Орли Врв 1.794 м Караорман 4 мај 2020 Голем Рид 2.015 м Бистра 4 јуни 2020 Боази 2.495 м Кораб 4 јули 2020 Старков Заб 2.233 м Ниџе 4 август 2020 Китка 1.903 м Осоговски Планини 4 септември 2020 Крајни Камен 2.093 м Караџица 5 октомври 2020 Огражденец 1.744 м Огражден 5 ноември 2020 Петлец 1.352 м Малешевски Планини 5 декември 2020 Бошанов Камен 1.545 м Билино 5 јануари 2021 Мусица 1.791 м Бушева Планина 5 февруари 2021 Зелка 1.426 м Козјак 5 март 2021 Сталев Камен 1.998 м Плакенска Планина 5 април 2021 Црвена Плоча 2.107 м Крчин 5 мај 2021 Чапарец 2.272 м Кораб 5 јуни 2021 Расенгул 2.382 м Шар Планина 5 јули 2021 Тепено 2.158 м Галичица 5 август 2021 Стол 2.131 м Баба 5 септември 2021 Кабаш 2.391 м Кораб 6 октомври 2021 Врон 1.317 м Караџица 6 ноември 2021 Дупен Камен 1.857 м Сува Гора 6 декември 2021 Уши 1.910 м Сува Планина 6 јануари 2022 Лилјачица 1.287 м Јакупица 6 февруари 2022 Чупино Брдо 1.703 м Билино 6 март 2022 Вртешка 2.010 м Баба 6 април 2022 Сокол 1.822 м Ниџе 6 мај 2022 Тумба 1.881 м Беласица 6 јуни 2022 Скакало 2.494 м Шар Планина 6 јули 2022 Плоча 2.450 м Шар Планина 6 август 2022 Мала Рупа 2.004 м Кожуф 6 септември 2022 Караџица 2.472 м Караџица 7 октомври 2022 Сива Кобила 1.642 м Осоговски Планини 7 ноември 2022 Чука 1.380 м Скопска Црна Гора 7 декември 2022 Кукуљатица 772 м Градиштанска Планина 7 јануари 2023 Чаве 1.557 м Вишешница 7 февруари 2023 Голем Сач 1.698 м Баба Сач 7 март 2023 Лута 1.499 м Бабуна 7 април 2023 Јошков Камен 1.917 м Песјак 7 мај 2023 Бојаџиев Врв 2.331 м Баба 7 јуни 2023 Шупла Стена 2.431 м Кораб 7 јули 2023 Петров Камен 2.601 м Шар Планина 7 август 2023 Иванов Врв 1.909 м Јакупица 7 септември 2023 Балтова Чука 1.823 м Козјак (Мариово) 8 октомври 2023 Ниска Чука 1.643 м Беласица 8 ноември 2023 Пупљак 1.626 м Скопска Црна Гора 8 декември 2023 Кара Тепе 997 м Плавуш 8 декември 2023 Голем Камен 1.656 м Бигла 8 јануари 2024 Аниште 1.786 м Дукат 8 март 2024 Вели Врв 1.535 м Голјак 8 април 2024 Бел Камен 2.074 м Даутица 8 мај 2024 Среден Камен 2.097 м Шар Планина 8 јуни 2024 Порта 2.097 м Кожуф 8 јули 2024 Зиберова Кула 2.377 м Кораб 8 август 2024 Оревчето 1.351 м Козјак (Мариово) 8 септември 2024

Галерија на слики

Повзано Планини во Македонија Материјали по изучувањето на Македонија

Белешки Врвот бил безимен, а по искачувањето му било дадено името „Петров Камен“ во чест на Ѓорче Петров, кој за првпат го споменал во делото „Материјали по изучувањето на Македонија“.

Наводи

Надворешни врски Официјална страница на Фејсбук

Категорија:Планинарење во Македонија