Чиро Имобиле (; роден на 20 февруари 1990 година) — италијански фудбалер, напаѓач на Бешикташ и на италијанската репрезентација.

Имобиле се развивал како фудбалер во младинските категории најпрво на Соренто, а потоа и на Јувентус. Потоа, бил позајмен во три различни клубови, каде најуспешен престој имал во Пескара со која изборил промоција во Серија А и бил најдобар стрелец во Серија Б во сезоната 2011-2012. Во летото 2012, Јувентус го продал играчот на Џенова, но по само една сезона во Лигурија во која не се снашол најдобро се вратил во Торино, потпишувајќи за градскиот соперник на Јувентус, ФК Торино, каде одиграл одлична сезона, освојувајќи ја наградата Капоканониере - за најдобар стрелец во Серија А. Последователните авантури во странство (во Борусија Дортмунд и Севиља) не се покажале успешни за него и во јули 2016 година тој потпишал за Лацио, каде се етаблирал како еден од најдобрите италијански напаѓачи на неговата генерација. Играјќи за клубот од Рим, тој уште двапати бил најдобар стрелец во Серија А (2017-2018 и 2019-2020) како и најдобар стрелец во УЕФА Лига Европа (2017-2018); со 150 постигнати гола тој моментално е најдобар стрелец во историјата на Лацио во официјални натпревари, оставајќи го зад себе Силвио Пјола.Севкупно, Имобиле е на второто место зад Силвио Пјола, најдобриот стрелец во историјата на Лацио со 159 гола; сепак, 10-те голови постигнати од страна на Пјола во Купот на Центална Европа, натпреварување кое не е признато од УЕФА, се одземаат при пребројувањето на постигнатите голови во официјалните натпревари.

За време на сезоната 2019-2020, со 36 постигнати голови тој го изедначил рекордот за најмногу постигнати голови во Серија А во рамките на една сезона, а подоцна таа бројка на голови му ја донела и наградата Златна копачка - за најдобар стрелец во европските фудбалски лиги. Исто така, на поединечно ниво, тој бил вклучен трипати во Серија А Тимот на годината (2014, 2018 и 2020) и еднаш во Тимот на годината во УЕФА Лига Европа (2018).

Имобиле ја претставувал Италија во репрезентациите под 20 години и под 21 година. Своето деби за сениорската италијанска репрезентација го имал во 2014 година во пријателски натпревар против . Оттогаш, бил дел од репрезентацијата на Светското првенство 2014 и Европското првенство 2016.

Биографија Имобиле е роден Торе Анунцијата, како дете на Антонио и Микела Имобиле; тој, исто така, има помал брат Лујџи.

Во брак e со Џесика Мелена, по занимање модел, со која се запознал додека играл за Пескара. Двојката стапила во брак на 17 мај 2015 и имаат три деца.

Технички карактеристики Центарфор, кој може да биде поставен било каде во предни позиции, неговите главни предности се чувство за гол, дриблинг на мал простор и шут од прва од било која позиција со било која нога. Опремен со добра основна техника - "има застрашувачки добар удар од далечина дури и без да има беспрекорни основи" - сепак, неговата моќна фигура, експлозивност и издржливост му овозможуваат да се истакне во тактичките системи што ги бараат овие одлики, т.е. насочени кон создавање на слободни простори зад грбот на противничката одбрана. Така што може да се каже дека Имобиле, најдобро му користи на тимот кога игра како единствен централен напаѓач, затоа што може да напаѓа вертикално; спротивно на тоа, тој е помалку ефикасен ако биде принуден да игра како „пивот“ во казнениот простор или да разменува серија на брзи и блиски додавања.

По освојувањето на Златната копачка и рекордот за голови во една сезона во Серија А, и покрај критиките кој ги добил - главно од странскиот печат - за можноста да се изрази максимално само благодарение на тоа што целиот тим игра за него, имало и такви кои признаваат дека тој достигнал дефинитивна зрелост, откако научил „да го носи својот тим на рамениците“ како резултат и на тоа што станал поупорен и секогаш можел да го најде патот до мрежата, нешто што довело да биде прогласен за „најталентиран и најконзистентен италијански напаѓач“ во 2010-тите години.

Клупска кариера Соренто и Јувентус Првите чекори ги направил во фудбалската школа Торе Анунцијата '88, а потоа се преселил во клубот Марија Роса и, конечно, во младинскиот погон на Салернитана, каде што сепак не успеал да се прослави. Подоцна, тој се приклучил на младинската академија на Соренто, каде во категоријата Алиеви во сезоната 2006-2007 постигнал 30 гола, вклучувајќи и два гола против врсниците од Торино со што ги импресионирал скаутите на Јувентус.

Во 2007 година, на 17-годишна возраст, Имобиле бил купен од Јувентус за 80 илјади евра на совет на Чиро Ферара, приклучувајќи се на Примавера тимот на бјанконерите. На 23 февруари 2009 година, тој придонел за освојувањето на Турнирот Вијареџо, постигнувајќи два гола во победата со 4-1 во финалето против . thumb|left|Имобиле во 2011 година, за време на тренинг со Јувентус.

Своето деби за првиот тим на Јувентус во Серија А го направил на 19-годишна возраст, на 14 март 2009 година, во натпреварот Јувентус- (4-1), влегувајќи од клупата за резерви на местото на Алесандро Дел Пјеро во судиското продолжение. Следната сезона, тој исто така дебитирал во европските купови, повторно заменувајќи го Дел Пјеро во 68-та минута од натпреварот -Јувентус (2-0) одигран на 25 ноември 2009 година, во рамките на групната фаза од Лигата на шампионите; во текот на сезоната 2009-2010, тој исто така дебитирал во Купот на Италија и остварил уште два настапи во Серија А.

На 15 февруари 2010, тој повторно го освоил Турнирот Вијареџо со Примавера тимот на Јувентус, овојпат постигнувајќи хет-трик во финалето добиено против (4-2): тој исто така бил прогласен за најдобар играч на изданието, добивајќи ја наградата „Златното момче“ додека во исто време ја добил и титулата најдобар стрелец на турнирот со 10 погодоци. Во двете изданија на Вијареџо во кои учествувал, Имобиле постигнал вкупно 14 голови со што го изедначил рекордот на Ренцо Капеларо; згора на тоа, со своите 10 гола на изданието во 2010 година, тој поставил рекорд за најмногу постигнати голови на едно издание на турнирот.

Сиена и Гросето На 1 јули 2010 година, тој заминал на позајмица во , во Серија Б, заедно со Лука Мароне. Дебитирал за екипата од Тоскана на 13 август во натпреварот Сиена- (2-0), во вториот круг од Купот на Италија, појавувајќи се како замена на местото на Емануеле Калајо во 76-тата минута. Дебито во првенството го направил во четвртото коло од сезоната против (завршило 3-1 за тосканците), повторно заменувајќи го Калајо. Својот прв гол меѓу професионалците го постигнал на 27 октомври 2010 против (во поразот со 3-2), во натпревар од третото коло на Купот на Италија. Првиот негов погодок во првенството, пак дошол на 20 ноември против Портогруаро во гостинската победа со 1-4.

Не можејќи да најде доволно простор за игра во Сиена, позајмицата на Имобиле таму била прекината и тој бил пратен на нов заем во истата лига, приклучувајќи му се на на 25 јануари 2011 година. Тој дебитирал за црвено-белите четири дена подоцна во гостинскиот натпревар кој го добиле против (0-1), заменувајќи го Фердинандо Сфорцини во 64-тата минута. Својот прв и единствен гол за Гросето го постигнал на 18 февруари во тосканското дерби против .

Пескара Следната сезона, тој бил позајмен во на 17 август 2011, со што останал да се натпреварува во Серија Б. Својот прв гол за екипата од Абруцо го постигнал во првото коло од сезоната против во гостинската победа со 1-2. Веќе во следниот натпревар, победата со 3-2 на домашен терен против Емполи, Имобиле постигнал уште два гола. По претходна сезона во која не можел да дојде до израз, се чинело дека Имобиле ја пронашол вистинската средина за себе: играјќи редовно во Пескара, тој постигнал 13 гола за клубот во првиот дел од сезоната во Серија Б.

Како резултат на добрите игри на Имобиле во Пескара, тој се нашол на мета на многу клубови и од Серија А. Конечно, на 30 јануари 2012 година, и продал половина од договорот на за 4 милиони евра, која пак одлучила да го остави младиот напаѓач на позајмица во Абруцо до крајот на сезоната.

Имобиле ја завршил сезоната 2011-2012 со 28 постигнати голови, благодарение на кои станал најдобар стрелец во првенството како и играчот кој постигнал најмногу голови во историјата на Пескара во рамките на една сезона (надминувајќи го Стефано Ребонато кој постигнал 21 во Серија Б 1986-1987); покрај тоа, неговите голови придонеле за враќањето на Пескара во Серија А по дваесет години отсуство.

На 18 јуни 2012 година, партнерството помеѓу Џенова и Јувентус за услугите на Имобиле било обновено со спортски права во корист на грифоните.

Џенова и Торино Дебитирал со екипата од Лигурија на 18 април 2012 година, во натпреварот од третото коло на Купот на Италија загубен по изведување пенали од Верона, појавувајќи се како замена во второто полувреме на местото на Давиде Бјондини. Дебитирал во Серија А во дресот на Џенова, на 26 август 2012 година, против (победа со 2-0), постигнувајќи го својот прв гол во најсилната фудбалска лига во Италија на пет минути пред крајот на натпреварот против сардинијците. Сезоната ја завршил со вкупно 34 настапи и 5 постигнати голови во сите натпреварувања.

thumb|Имобиле со Торино во 2014. На 12 јули 2013 година, Јувентус го решил партнерството со Џенова во своја корист, стекнувајќи ги одново целосно правата над Имобиле откако ја откупиле втората половина на договорот за 2.75 милиони евра. Меѓутоа, веќе истиот ден по добивањето на целосната сопственост, бјанконерите продале половината од договорот на својот градски соперник Торино, како и спортските правата во корист на биковите.

На 17 август 2013 година, тој дебитирал за Торино во поразот на домашен терен од Пескара (1-2) во Купот Италија, и во истата прилика погодил за првпат во дресот на Торо во 53-тата минута. На 25 август 2013, го направил своето деби во првенството во натпреаврот Торино - (2-0), забележувајќи притоа асистенција за првиот гол на својата екипа. На својот прв првенствен гол чекал до седмото коло од првенството, кога погодил во ремито 2-2 против . Со овој гол ја прекинал својата суша од 10 месеци без гол во Серија А, што му донело голема самодоверба и одлична форма во продолжение: тој постигнал уште 12 погодоци на следните 15 натпревари, вклучувајќи ги и двата гола (првпат во кариерата постигнал два гола на еден натпревар во Серија А) во победата со 4-1 над во декември.

На 22 март 2014 година, Имобиле го постигнал својот прв хет-трик во Серија А, во победата со 3-1 против . Сезоната 2013-2014, била мошне успешна за младиот центарфор, кој - заедно со својот партнер во нападот Алесио Черчи - го води клубот трениран од Џампјеро Вентура до пласман во Лига Европа по 20-годишно отсуство од европските турнири. Со 22 гола во 33 настапи, Имобиле бил најдобар стрелец во Серија А за сезоната 2013-2014: тој станал првиот играч на Торино што го сторил тоа уште од Франческо Грацијани во сезоната 1976-1977, како и тринаесеттиот играч во историјата на италијанскиот фудбал кој бил најдобар стрелец и во Серија А и Серија Б.

На крајот на сезоната, Торино го откупил целиот договор на играчот од Јувентус за 8 милиони евра.

Борусија Дортмунд thumb|left|Имобиле во акција со во летото 2014. На 2 јуни 2014 година, бил официјализиран трансферот на Имобиле во германскиот гигант за 19,4 милиони евра; Дебитирал на 13 август, во натпреварот од Суперкупот на Германија против , кој завршил со победа на милионерите од 2-0.