Херон Александриски (~ 10 – 70) — инженер и геометар од Александрија, Египет, во тогашното Римско Царство. Неговиот најпознат пронајдок е првата парна машина наречена еолипил. Се смета дека бил следбеник на атомизмот. Некои од идеите ги добил од Ктесивиј.

Речиси сигурно е дека тој предавал во Музеумот во чии рамки спаѓала слвната Александриска библиотека, бидејќи највеќето негови записи се во облик на белешки за предавања на предмети како математиката, механиката, физиката и пневматиката.

Проекти thumb|right|220px|Херонова парна топка, „еолипил“thumb|right|250px|Автоматско отворање на врати при палење на оганХеронови дела: парна турбина (50/62/70) (еолипил) - првата парна машина, конструирана речиси 2000 години пред Индустриската револуција, придвижувана од парни машини. Оваа направа била сметана за играчка, и затоа нејзиниот потенцијал не бил реализиран со векови. Првиот продажен автомат бил исто така негов изум. Во неа се ставала паричка во отвор врз машината, и тогаш таа давала одредена количина на света вода. Оваа направа стои во списокот на изуми во неовата книга Механика и оптика. Херон исто така измислил многу направи за грчкиот театар, вкучувајќи сосема механичка претстава со траење од десет минути, придвижувана од бинаровиден систем на јажиња и јазли.

Библиографија Пневматика, опис на машини кои работат на воздух, пареа или воден притисок. Автомата, опис на машни кои прават чуда во храмови по механички или пневматички пат (на пр. автоматско отворање и затворање на врати во храм, статуи кои излеваат вино и др.). Видете автомати. Механика, напишано за архитекти; содржи начини за подигање на тешки предмети. Метрика, опис на метод на пресметување на плоштина и волумен на разни предмети. За диоптрата, збирка методи за мерење на должини. Во ова дело е опиштан одометарот, како и направа налик на теодолитот. Белопоеика, опис на воени машини. Катоптрика, за прогресијата на светлината, рефлексијата и употребата на огледала.

За некои дела кои му биле припишувани на Херон, сега се смета дека се од друг автор: Геометрија, збирка равенки заснована на првата глава на Метрика. Стереометрика, примери на тридимензионални пресметки засновани на втората глава на Метрика. Менсури, алатки и направи за мерење, засновани на Стереометрика и Метрика. Хеиробалистри, за катапулти. Дефиниции, содржи дефиниции на геометриски поими.

Наводи

Поврзано Херонова формула Херонов триаголник Херонова средина Херонов погон (еолипил) Херонова фонтана Ел-Џазари

Надворешни врски

Страница за Херон при Технолошкиот музеј во Солун Превод на „Пневматика“ со дијаграми Херон Александриски - Изуми, биографија, наука (М. Лаханас)

Категорија:Старомакедонски изумители Категорија:Луѓе од Александрија Категорија:Геометри Категорија:Старомакедонски математичари Категорија:Старогрчки пронаоѓачи Категорија:Математичари од 1 век Категорија:Писатели од 1 век Категорија:Родени во 10 година