300px|мини|Поглед кон католичката катедрала „Христос Кралот“ во Габороне Религијата во Боцвана има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Земјата обезбедува слобода на верска исповед. Христијанството е најзастапена религија во Боцвана, со над 70% од населението.

Христијанство

Христијанство пристигнало во Боцвана во средината на 1870-тите, во времето на колонијалното владеење. Процесот на ширење на христијанството се ширел релативно брзо за разлика од соседните африкански земји, бидејќи регионалните наследни племенски поглавари, познати како Дикгоси, го примиле христијанството а тоа предизвикало прифаќање на религијата од цела племинска група. Овие поглавари го прифатиле христијанството бидејќи сметале дека христијанските мисионери ќе им помогнат во снабдувањето на оружје со кое тие ќе се спротивстават на бунтовниците од југ.

По доаѓањето на христијанството во земјата, мисионерите основале христијански училишта и се обиделе да стават крај на старите обичаи, како што се традицијата Богвера (церемонија за машкоста) и Богжале (церемонија за женственоста), церемонии кои традиционално се поврзани со социјалното прифаќање на подготвеноста на некој од половите да стапи во брак. Сепак, овие традиции продолжиле кај некои семејства и покрај мисионерските практики. Често, христијанските мисионери биле вклучувани политички како преведувачи меѓу племенските поглавари и колонијалните администратори.

По прогласување на независност во 1966 година, високи претставници на христијанската мисија и свештеници биле вклучени во политичкиот живот на земјата. Но во 1970-тите години некои нови водачи започнале иницијатива за враќање на старите традиции, во кое делумно и успеале. Новите водачи исто така спроведувале и политика на верска толеранција и слобода. Но наставните програми во голема мера останале со христијанска терминологија и идеологија..

Се проценува дека 70% од граѓаните на Боцвана во 2001 година се изјасниле како христијаниInternational Religious Freedom Report 2007: Botswana. United States Bureau of Democracy, Human Rights and Labor (September 14, 2007). Статијава содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.. Во 2006 година властите објавиле извештај според кој 63% биле христијани од разни деноминации, 2% биле приврзаници на традиционалните домородни религии и сите други религиозни групи (будизмот, хиндуизмот, исламот, јудаизмот) процентоално биле застапени со помалку од 1% од населението на земјата. Муслиманите според истиот извештај се застапени со 0,4% и хиндусите со 0,3%.

Наводи