Лорјан () () – град и пристаниште во департманот Морбијан, во регионот Бретања на северозапад на Франција.

Географија Лорјан е административен центар на округ на департманот Морбијан. Сместен е на устието на реките Блаве и Скорф во пристаништето Лорјан и потоа во Атлантскиот Океан. Градот се наоѓа на 503 км југозападно од Париз, 153 км југозападно од Рен и 158 км западно од Нант.

Клима Местото се одликува со океанска клима која е блага во зима и релативно умерена во лето. Ретки се деновите со температура под нула во зима и деновите со температура на 30 степени Целзиусови во летната сезона. Најниската температура е забележана на 20 јануари 1963 година, -13,1 °C, а највисоката на 10 август 2003 година, +37,5 °C. Врнежите се обилни во текот на целата година (750-850 мм), а најобилни се во текот на декември и јануари. Годишната инсолација е поголема од 1.870 часа.

Историја Предисторија и антика Мегалитска архитектура која датира од 3000 г.п.н.е. сведочи за постоење на населби во подрачјето на Лорјан. Остатоци од римски патишта кои го поврзувале Ван со Кемпер и Пор Луј со Каре го потврдуваат гало-римското присуство.

Основање thumbnail|лево|Лорјан во 18 век

Во 1664 година, Жан-Батист Колбер ја основал „Францускaта источноиндиска компанија“]].. Во јуни 1666 година Луј XIV на компанијата ѝ го доделил земјиштето на Пор Луј (Морбијан), како и од спротивната страна. Еден од нејзините директори, Дени Ланглоа, го купил земјиштето на устието на реките Скорф и Блаве и изградил бродска рампа. Најпрво истата служела како подружница на Пор Луј каде биле сместени канцелариите и магацините. Следните години работата готово била напуштена, но во 1675 година, за време на Француско-холандската војна, Француската источноиндиска компанија ја напуштила својата база во Авр бидејќи била премногу изложена за време на војната и ги пренела своите инфраструктури во Ланкло, а како резултат на тоа Лорјан пораснал. Компанијата изградила црква, работилници, ковачници и канцеларии и го напуштила Пор Луј засекогаш.

Во 1690 година, Француската морнарица тука воспоставила база.

Во 1702 година во Лорјан имало околу 6 000 жители иако активностите опаднале и градот почнал да се намалува.

Раст за време на компанијата лево|мини|Ланкло на крајот на 18 век

Градот доживеал период на раст кога Џон Ло ја основал Мисисипи Компани припојувајќи други компании (вклучувајќи ја Француската источноиндиска компанија), и го избрал Лорјан како нејзин оперативен центар. Тој бил и дел од Атлантската триаголна трговија со робје. Од 1720 до 1790 година 156 брода пренеле околу 43.000 робови. .René Estienne, « Les archives des compagnies commerciales et la traite : l’exemple de la Compagnie des Indes » , Service historique de la Défense, Lorient, janvier 2009 Во 1732 година, компанијата решила да ја пресели својата дирекција од Нант во Лорјан и за тоа го ангажирала архитектот Жак Габрел да изгради нови згради.

До затворањето на компанијата, градот бил просперитетен. Во 1738 година, имал 14 000 жители, односно 20 000 со околните села кои денес влегуваат во границите на градот. Во 1735 година, биле изградени нови улици, а во 1738 година добил статус на град. Подоцна улиците биле калдрмисани, биле изградени камени куќи според класичната архитектура од 18 век.

Во 1769 година, градот станал поморска база на Француската кралска морнарица кога Луј XV ја купил инфраструктурата на компанијата. Од 1775 година, заради Американската револуционерна војна имало зголемување на активностите. После војната, трансатлантски линии се отвориле во САД, и во 1785 година, нова трговска компанија почнала да работи со истите цели како претходните ентитети, односно водење трговија со Индија и Кина, со Лорјан како оперативна база..

Француската револуција и Наполеоновите војни ја прекинуваат трговијата скоро две декади.

19 век до почетокот на 20 век мини|Пристаништето во Лорјан, слика од Берт Моризо, 1869 година. мини|Текот на Бов (1907)

Морските активности спласнале на почетокот на 19 век и овој стагнирање ќе трае сè до Јулската Монархија. Во овој период градот делувал како административен центар. The first secondary school opened in 1822, a lazaretto in 1823, and barracks in 1839..

Градот почнал да се модернизира во вториот квартал од векот: во 1825 година на бродоградилиштата им биле додадени покриена рампа и „сув док“. Конзервна фабрика за сардини се отворила истата година. Првите фабрики на гас биле изградени во 1845 година.

Во вториот квартал од 19 век градот почнува да се модернизира, а во втората половина парната машина им овозможила на пристаништата понатамошно јакнење. Првата локомотива во градот стигнал во 1865 година.

Клима Според Кепеновата класификација на климите, Лорјан има океанска клима со меки зими и ладни до топли лета. Врнежите се распределени во текот на годината. Мразевите се ретки во зими, како и деновите со температури преку 30 °C во лето.

Население Во 2009 година, Лорјан имал 57.812 жители. In 2008, its intercommunality had 191,716 inhabitants.. Лорјан е најнаселената општина во департманот Морбијан, а префектурата е малку помала од Ван.

Жителите на Лорјан се викаат „лорјанци“.

Бретонски јазик Општината на 25 јануари 2007 година вовела план за промоција на бретонскиот јазик.

Во 2008 година, 2,71% од децата во примарното образование посетувале двојазична настава. Ofis ar Brezhoneg: Enseignement bilingue

Стопанство лево|мини|Изградбата на француската фрегата Форбин во бродоградилиштето DCNS во 2006 година

лево|мини|Истовар на соја во пристаништето Кергроаз

Пристаништа Лорјан е познат како „градот со пет пристаништа“ (воено, риболовно, трговско, патничко и јахтино). Во 2010 година секторот вработувал 9.600 лица и претставувал 12% од вкупното вработување.

Индустрија Од неговото основање, бродоградбата секогаш претставувала огромен интерес за градот. Компанијата DCNS ја продолжува традицијата на поранешната државна компанија „Арсенал“ која почнала со работа во 1690 година.

Наводи

Надворешни врски

Site de la mairie de Lorient Site de l'Office de Tourisme du Pays de Lorient en Bretagne Sud « Si Lorient m'était conté » Ville de Lorient et Festival Interceltique Images Keroman submarine base Festival Interceltique de Lorient French Ministry of Culture list for Lorient

Категорија:Градови во Франција Категорија:Општини во Бретања Категорија:Општини во Морбијан Категорија:Потпрефектури во Франција