мини|десно|250п|Њирагонго мини|десно|250п|Мухабира, Гахинга, Карисимби, Сабјињо и Микено.

Вирунга (или Муфумбиро) — венец вулкански планини во Источна Африка долж северната граница на Руанда, ДР Конго и Уганда. Венецот е огранок на планините на Албертскиот Срт, кои се граничат со западниот ракав на Источноафриканскиот Расед. Сместени се меѓу езерата Едвардово и Киву. Името е видоизменета англизирана верзија на руандскиот збор ibirunga, што значи „вулкани“.

Веригата се состои од осум поголеми вулкани, од кои највеќето се заспани, Исклучок се Њирагонго (3.462 м) и Њамурагира (3.063 м), обете во ДР Конго, со нивните избуви во 2006 и 2010 г. Највисок вулкан е Карисимби со 4.507 м, а најстар е Сабјињо, кој се издига на 3.634 м надморска височина.

Планините се дом на планинската горила, која се води како критично загрозена на Црвениот список на МСЗП поради губиток на живеалиштето, криволовство, болести и војувањеButynski et al. 2003. Меѓу планините Карисимби и Бисоке е сместен Истражувачкиот центар „Карисоке“, основан од американскиот зоолог Дајан Фоси за изучување на овие животни.

Планини во венецот

Планина Земја Висина (м) Карисимби / 4.507 Микено 4.437 Мухабура / 4.127 Бисоке / 3.711 Сабјињо / / 3.674 Гахинга / 3.474 Њирагонго 3.470 Њамурагира 3.058

Национални паркови Национален парк Вирунга, Национален парк Вулкани, Национален парк на горилите Мгахинга,

Поврзано Рувензори

Наводи

Надворешни врски

Национален парк Вирунга Вулканите на Вирунга — туристички портал Вирунга — Peakware

Категорија:Планински венци во Демократска Република Конго Категорија:Планински венци во Руанда Категорија:Планински венци во Уганда Категорија:Светско наследство во Демократска Република Конго