Дејан Денковски (, – , Кумановско, ) — македонски бранител, армиски резервист и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинува на 23 април 2001 година кај кумановското село Алашевце во несреќен случај.„Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002
Животопис Живот, војната 2001 година и смрт
Дејан Денковски е роден во 1976 година во Куманово. Израснува во кумановската населба Карпош. Тој од почетокот на воениот конфликт 2001 година бил армиски резервист.
На секој војнички позив Дејан и неговите родители се гордееја. Беше примерен војник за време на отслужувањето на редовниот кадровски рок. Посакуваше да се активира. Ја сакаше униформата и на тој начин гледаше и шанса да си ја обезбеди егзистенцијата во времето кога кризата притискаше. Својата младост ги минува во армиската униформа која му прилегаше и го правеше среќен. Загинува на 23 април 2001 година кај кумановското село Алашевце на должност додека извршуваше стражарска служба.
Погребан е на гробиштата во Куманово. Дејан Денковски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија. Денковски во жалост го остави своето семејство. Беше неженет.
Наводи
Категорија:Луѓе од Куманово Категорија:Македонски бранители