Млада демократско-прогресивна странка — поранешна македонска политичка партија.
Историја Партијата е основана на 1 јули 1990 година, како партија - наследник на Сојузот на социјалистичката младина на Македонија (ССММ). Претходно, на 13-тиот Конгрес, ССММ го истакна политичкиот интерес за формирање нова политичка партија која би дејствувала во континуитет со дотогашните политички ставови и определби. Претседател на партијата е Ристо Иванов. На 3 октомври 1990 година, ја промовира својата политичка програма и слоганот: „Заедно, за среќа и задоволство на секој поединец“. Во врска со прашањето на осамостојувањето на Македонија, МДСМ се залага за: слободна, просперитетна Македонија во рамноправна југословенска, балканска и европска заедница, што јасно укажува дека оваа партија немала јасно утврден став во врска со осамостојувањето. За иднината на Југославија, МДСМ ја промовира идејата за „трета Југославија“, како заедница на слободни и суверени народи и рамноправни републики кои договорно ги утврдуваат основите и условите за заеднички живот.Докмановиќ, Мишо. Сами на своето : кратка историја на македонската независност : (1990-1993), Скопје : Фондација “Фридрих Еберт” - канцеларија Скопје, 2021.
На првите повеќепартиски избори во 1990 година, МДСМ настапи во коалиција со Сојузот на реформските сили на Македонија, освојувајќи 6 пратенички места. Во други подрачја настапила со Социјалистичката партија освојувајќи едно место.Nohlen, D & Stöver, P (2010) Elections in Europe: A data handbook, p1282 ISBN 978-3-8329-5609-7
На 28 јуни 1991 година партијата донесе одлука да се спои со Сојузот на реформските сили,Sabrina P Ramet, Ola Listhaug & Albert Simkus (2013) Civic and Uncivic Values in Macedonia: Value Transformation, Education and Media, Palgrave Macmillan, 23 Jan 2013, p124 со ново име Сојуз на реформски сили на Македонија - Либерална партија, за на крај да се формира Либералната партија во 1993 година.
Наводи
Категорија:Поранешни политички партии во Македонија