Француска Северна Африка (француски: Afrique française du Nord) — федерација на француски колонијални територии во Магреб, која ги зазимала териториите на денешните суверени земји Мароко, Алжир и Тунис.
Почетокот на француската колонизација на Северна Африка започнало во 1830 година кога Франција влегла во редица вооружени конфликти чија цел била максимално искористување на ова историско-географска област и ова продолжило скоро до крајот на 19 век.
Во 1848 година Алжир бил прогласен за територија под суверенитетот на Франција.J. D. Fage, Roland Anthony Oliver, The Cambridge History of Africa, vol. 6 (1985), p. 159, и бил поделен на оддели на чело со префекти, а на чело на целата територија на Алжир бил доделен француски генерал-гувернер.
Франција го освоил Тунис во 1881 година, принудувајќи го локалниот туниски бег да потпише договор на 12 мај 1881 година според кој де факто територијата на Тунис станува француски протекторатWilliam E. Watson, Tricolor and Crescent: France and the Islamic World (2003), p. 28.
Формалното воспоставување на француски протекторат во Мароко датира од 30 март 1912 година, по двете Марокански кризи.
Француското управување во Магреб продолжило од 1830 година до 2 јули 1962 година, кога Алжир стекнал независностSerge Berstein, The Republic of de Gaulle 1958-1969 (1993), p. 54.
Поврзано Освојување на Африка Француски Алжир Француски протекторат Тунис Француско Мароко Фезан (1943–1951) Египет
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Држави и територии распаднати во 1962 година