Рикардо Иван Родригес Араја (роден на 25 август 1992 година) — швајцарски фудбалер кој настапува за ФК Торино.
Тој е опишан како комплетен играч од одбраната и е познат по неговите силни способности за напредок, како и способност за презизни додавања. Родригес бил познат и по изведувањата на пеналите во неговиот поранешен клуб Волфсбург.
Роден во Цирих од шпански татко и мајка чилеанка, Родригес ја започнал својата професионална кариера во локалниот клуб Цирих во 2010 година, каде што поминал осум години во младинскиот тим. По пробивањето во првиот тим во Цирих и неговите добри игри, Родригес бил продаден на Волфсбург во јануари 2012 година за 7,5 милиони фунти. Тој одиграл 184 натпревари за бундеслигашот во сите конкуренции, и постигнал 22 гола, освојувајќи го германскиот куп и Суперкуп во 2015 година. Во јуни 2017 година тој потпишал за Милан.
Родригес има настапувано во сите младински категории за швајцарската репрезентација, освојувајќи го ФИФА У-17 Светското првенство во 2009 година. За сениорскиот тим на Швајцарија настапува од 2011 година, и досега има одиграно повеќе од 40 пати за неговата земјата. Тој бил дел од швајцарскиот тим на Светско Првенство во фудбал во Бразил во 2014 година, а подоцна истата година бил прогласен за швајцарски фудбалер на годината.
Наводи
Надворешни врски
Profile at VfL Wolfsburg Profile at FC Zürich FIFA Profile UEFA Profile Bundesliga Profile Sky Sports Profile
Категорија:Швајцарски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Цирих Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на ФК Торино Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1992 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026