Благој Бочварски (р. во Штип) — македонски политичар, поранешен министер за транспорт и врски, поранешен градоначалник на Општина Штип, поранешен пратеник од редовите на СДСМ и актуелен потпретседател на партијата.

Животопис Основно и средно училиште завршил во Штип, а дипломирал на студиите по архитектура на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Тој станал член на СДСМ во 2002 година, а во 2013 година бил избран за член на извршниот одбор на партијата.

Бочварски во периодот 2011–2016 година, работел како архитект во приватно градежно претпријатие, по што бил избран за пратеник на парламентарните избори во 2016 година како втор носител на список на СДСМ во третата изборна единица, каде партијата освоила девет мандати. На партискиот конгрес во јуни 2017 година тој бил именуван за потпретседател на СДСМ и член на централниот одбор. На локалните избори во 2017 година, Бочварски остварил победа во вториот круг, а на 3 ноември го презел раководењето со Општина Штип.Градоначалникот на Штип Благој Бочварски стапи на функција, Плусинфо, 3 ноември 2017

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Штип Категорија:Македонски архитекти Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Пратенички состав 2016-2020 Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Градоначалници на Општина Штип