Карлос Артуро Бака Ахумада (роден на година) — колумбиски фудбалер, напаѓач на Атлетико Хуниор.

Тенхички одлики Тој е познат по својата брзина, агресивност и чувство за постигнување голови.

Клупска кариера Бака ја започнал својата кариера во Атлетико Хуниор, каде што бил најдобар стрелец во сезоната 2010/2011 година. Во јануари 2012 година, тој се преселил во белскискиот клуб Бриж, каде што бил најдобар стрелец во Белгиска про-лига во сезоната 2012/2013, пред да се приклучи на шпанската Севиља за 7 милиони евра. Со Севиља тој ја освоил Лигата на Европа во првите две сезони со клубот, постигнувајќи двапати во гол во финалето во 2015 година.

Во летото 2015 година, тој се преселил во Серија А во тимот на Милан за 30 милиони евра. Тој го направил своето деби за Милан во пријателска победа над градските соперници против ФК Интер во Шенџен, Кина, додека официјалното натпреварувачко деби го направил на 17 август во третото коло од Купот на Италија во победата од 2:0 над Перуџа во Сан Сиро. Првиот гол во Серија А го постигнал на 29 август 2015 година во победата од 2-1 против ФК Емполи. На 21 август 2016 година го постигнал својот прв хет-трик против ФК Торино во победата од 3-2 во Сан Сиро.

На 16 август 2017 година, ФК Вилјареал го потврдил потпишувањето на Бака на едногодишен договор за наем во износ од 2,5 милиони евра, со можност да го купи играчот за дополнителни 15,5 милиони евра. Четири дена подоцна, тој го имаал своето деби во поразот од 1:0 против Леванте. Бака го постигнал својот прв гол на 10 септември, искористувајќи ја грешката од голманот на Реал Бетис, Антонио Адан, за да ја отвори победата од 3-1 на Етадио де ла Керамика.

На 14 август 2018 година, Бака бил трајно продаден на Виљареалhttps://www.calciomercato.com/news/milan-accordo-per-castillejo-bacca-nell-operazione-i-dettagli-97440.

Репрезентативна кариера За колумбиската репрезентација настапува од 2012 година, а во тој период ја претставувал својата земја на Светското првенство во Бразил во 2014 година и Светското првенство во Русија во 2018 година, како и на Копа Америка 2015 и Копа Америка Сентенарио, на вториот го освоил третото место.

Наводи

Надворешни врски

Carlos Bacca at Topforward

Категорија:Живи луѓе Категорија:Колумбиски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Клуб Бриж Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на ФК Севиља Категорија:Фудбалери на ФК Виљареал Категорија:Фудбалери на ФК Гранада