Пионерското вовче го добило името по кондуктерите кои биле пионери, деца на железничарите од блиската железничка колонија. Пионерите со железничка капа и пионерска марама биле одговорни за сигнализацијата за тргнување и застанување на возот.
Неговата траса била од почетната станицата „Стив Наумов“, во Градскиот парк во Скопје крај езерцето (денешната кафеана „Езерце“) низ густатата шума во тоа време на паркот, па по течението на Вардар и неговите плажи, преку железничкиот мост на Вардар до Ѓорче Петров и понатаму до излетничкото место Сарај и крајната станица „Борка Талевски“ во село Глумово покрај излетничкото место Матка на реката Треска.
Историја На 8 мај 1948 година се демонтира линијата со тесен колосек (600 mm) Скопје – Ѓорче Петров, а потоа и кон Гостивар.
Шините, праговите, локомотивите и вагоните се префрлаат за ново трасирање на потегот од Градскиот парк во Скопје до Глумово покрај излетничкото место Матка.
На 21 јули 1948 година, градено во само два месеца, свечано е пуштено во сообраќај Пионерското вовче, од почетната станица во Градскиот парк денеска наречено Езерце.
Поврзано Градски парк (Скопје) Железница Парна локомотива Локомотива Dn2t Вагон Воз Пруга Шина
Надворешни врски Пионерско вовче од теснолинејка во Македонија „Ќиро“ експонат во Градскиот парк Вест 17 април /2001 Пионерското вовче нема да се врати кај „Езерце“ Дневник, 22 јануари 2002 Пионерското вовче ќе се паркира во Градскиот парк Вест, 18 март 2006
Примери за зачувана традиција и туристичка атракција Waldeisenbahn Muskau Пример за туристичка атракција во Германија каде се употребуват истите локомотиви (кај нас наречени „Пампур“) кои беа во употреба во Македонија до 1969 година South Tynedale Railway Пример за туристичка атракција со теснолинејка од 600 mm во Англија Le P'tit train de la Haute Somme Пример за туристичка атракција со теснолинејка од 600 mm во Франција Östra Södermanlands Järnväg Пример за туристичка атракција со теснолинејка од 600 mm во Шведска , SchBB Пример за туристичка атракција со теснолинејка од 600 mm во Швајцарија , ,
Категорија:Железнички сообраќај во Македонија Категорија:Инженерство Категорија:Локомотиви