мини|десно|200px|Борис Барнет во филмот „Синегорија“ (1946) Борис Барнет (руски: Бори́с Васи́льевич Ба́рнет, 18 јуни 1902, Москва - 8 јануари 1965, Рига) - советски филмски режисер и глумец.

Животопис Под дејство на алкохолизмот со којшто се борел и разочаран од неуспехот на последните негови филмови, Барнет се обесил на 8 јануари 1965 година. Притоа, тој оставил писмо во кое напишал дека му се чини дека ја изгубил способноста да прави добри филмови, а со тоа ја загубил и желбата за живот.Кинотека на Македонија, „Програма, ноември 2015“.

Творештво Денес, критиката го смета Барнет за еден од заборавените гении на советската кинематографија. Неговиот култен статус го создале припадниците на францускиот нов бран, како Жак Ривет и Жан Лик Годар, кој изјавил: „Ако не ви се допаѓаат неговите филмови, сигурно имате срце од камен.“ Исто така, и Тарковски, Климов, Мита и Михалков биле воодушевени од филмовите на Барнет.

Наводи

Категорија:Советски режисери Категорија:Советски глумци Категорија:Носители на орденот „Знак на Честа“ Категорија:Добитници на Сталиновата награда Категорија:Погребани на Новодевичките гробишта Категорија:Родени во 1902 година Категорија:Починати во 1965 година