Среќа (руски: Счастье) - советски филм од 1934 година, во режија на Александар Медветкин, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Петар Зиновев, Елена Егорова, Николај Черкасов и Лидија Ненашева.Кинотека на Македонија, „Програма ноември 2015“.

Содржина Дејството на филмот се одвива за време на Руското царство, а потоа и во СССР, за време на колетивизацијата. Во него е прикажан мачниот живот на еден земјоделец (мужик), кој живее во тешка сиромаштија за време на царскиот режим. Потоа доаѓа новата болшевичка власт, која започнува со колективизација, но старите сили (земјопоседниците и свештениците) се обидуваат да ги уништат плодовите на новата власт. Во двата режима, селанецот се соочува со постојани проблеми...

Осврт кон филмот „Среќа“ бил последниот советски нем филм. Првобитно, во филмот била вклучена и една секвенца во боја, но потоа таа била исфрлена поради лошиот квалитет на бојата. Овој филм бил многу популарен кај француските синеасти во 1960-тите, кои го истакнувале како пример за вистински народен филм, наменет за пошироката публика.

Наводи

Категорија:Советски филмови Категорија:Филмски комедии Категорија:Неми филмови Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмови од 1934 година Категорија:Филмови со Николај Черкасов Категорија:Филмови со Елена Егорова Категорија:Филмови со Петар Зиновев Категорија:Филмови на Александар Медветкин Категорија:Филмови на руски јазик Категорија:Филмови од 1935 година