Фудбалска репрезентација на Србија е репрезентација под контрола на Фудбалскиот сојуз на Србија и Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации -ФИФА, како и УЕФА, ја третираат репрезентацијата на Србија како наследник на репрезентација на Кралството Југославија (1918—1941, до 1920. како Кралство СХС, 1920—1929. како Кралство СХС), СФР Југославија (1943—1992, до 29. ноеммври 1945 година, како ДФ Југославија, 29 ноември 1945—1963 година како ФНР Југославија), СР Југославија (1992—2003) и Србија и Црна Гора (2003—2006).FIFA Association Information www.fifa.com , Посетено на 24. јун 2015.
Репрезентацијата настапува под разни имиња и тоа: 1918—1929. Кралство СХС 1929—1941 Кралство Југославија 1941—1945. ДФ Југославија 1945—1963. ФНР Југославија 1963—1992. СФР Југославија 1992—2003. СР Југославија 2003—2006. Србија и Црна Гора 2006 — Србија0000.
Историја
Пред распадот на Југославија Репрезентацијата на Кралството Југославија својат прв службен натпревар го одиграла во 1920 године против репрезентацијатата на Чехословачка на Летните олимпијски игри во Антверпен и била поразена со резултат од 7:0. Најголемиот успех на светските првенства Југославија го остварила во 1930 година во Уругвај и во Чиле во 1962 година, со пласманите во полуфинале. Најдобрите резултати на европските првенства биле остварени во 1960 и 1968 година со пласманите во финалињата на овие натпреварувања. На Летните олимписки игри во Рим 1960 година, Југославија ја освоила златниот медал. Својот последен натпревар пред распадотот на Југославија, репрезентацијата го одиграла на 25 марта 1992 година во Амстердам против Холандија. Во тој период Југославија играла на осум светски и четири европски првенства, како и единаесет пати на олимписките игри.
По распадот на Југославија Под имињата СРЈ, СЦГ и Србија, фудбалската репрезентација се квалификувала на три светски првенства и едно европско. Прв натпревар на Светско првенство 1998 година во Франција, тогашната СР Југославија го одиграла на 15 јуни против Иран и победила со резултат 1:0, со голот на Синиша Михајловиќ во 72 та минута. Репрезентацијата на СР Југославија на тоа првенство стигнала до осмина финалето и тамо била поразена од Холандија со резултат 1-2.
Во 2006 година, репрезентацијата настапила на Светско првенство во фудбал 2006 година во Германија, бидејќи во квалификациите го освоила првото место во својата група, пред Шпанија, со само еден примен гол. Србија и Црна Гора ја победила Босна и Херцеговина со 1:0, со голот на Матеја Кежман во 7-та минута и со тоа го остварила пласманот на мундијалот во Германија.„Idemo u Nemačku!!!”, Спортска централа, 12. октобар 2005. Посетено на 21 априла 2017. На 11 јуни, репрезентацијата на Србија и Црна Гора го одиграла првиот натпревар на Светското првенство, против Холандија на централниот стадион во Лајпциг и изгубила со резултат 0:1, а голот за репрезентацијата на Холандија го постигнал Арјен Робен.„Holandija pobedila SCG golom Robena”, Б92, 11. јун 2006. Посетено на 6 априла 2017. На 16 јуни, репрезентацијата на Србија и Црна Гора го доживеала најголемиот дебакл во историјата на оваа репрезентација, против Аргентина 6:0 во Гелзенкирхен.„Plavi poniženi: SCG - Argentina 0:6!” , Мондо, 16. јун 2006. Посетено на 6 априла 2017. На 21 јуни, репрезентацијата на Србија и Црна Гора го одиграла последниот натпревар на овој мундијал против Фудбалската репрезентација на Брегот на Слоновата Коска на Алијанц арена во Минхен пред 66 илјади гледачи. Србија и Црна Гора повела во десеттата минута со голот на Никола Жигиќ и десет минути подоцна Саша Илиќ ја зголемил предноста, но тимот на Брегот на Слониватата Коска постигнал гол во 37 та минута и на одмор се отишло со резултат од 2:1. Во второто полувреме, репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска целосно го свртела резултатот и победила со 2:3.„SCG - Obala Slonovače iz 2:0 u 2:3”, Б92, 21. јун 2006. Посетено на 6 априла 2017. Со одиграни три натпревари на првенството, репрезентацијата на Србија и Црна Гора забележала три порази со гол разлика 2:10.
По распадот на Србија и Црна Гора После распадот на Србија и Црна Гора, селекторот Илија Петковиќ бил сменет, и на негово место бил именуван шпанскиот стручњак Хавијер Клементе.„Havijer Klemente selektor Srbije!” , Мондо, 16. јул 2006. Посетено на 6 априла 2017. Србија својот прв натпревар по распадот на државната заедница Србија и Црна Гора го одиграла во Чешка и победила со резултат од 3:1, со головите на Данко Лазовиќ, Марко Пантелиќ и Александар Тришовиќ. Својат прв натпревар во квалификациите за Европското првенство 2008 година, Србија го одиграла на втори септември 2006 година против Азербејџан на Маракана и забележала победа од 1:0.„Srbija - Azerbejdžan 1:0”, Б92, 2. септембар 2006. Посетено на 21 априла 2017. Единствениот гол на мечот го постигнал Никола Жигиќ во 72та минута. На 17 октомври 2007 година, Србија го декласирала Азербејџан со резултат 1:6 во Баку.„Havijer Klemente selektor Srbije!”, Блиц, 18. октобар 2007. Посетено на 6 априла 2017. На крајот на квалификациите Србија завршила на 3-та позиција во групата А со 6 победи, и исто толку реми и 2 порази, со што не успеала да се квалификува на Европското првенство.
Светско првенство 2010 година
Кон крајот на август 2008 година на местото на селектор на државниот тим е доведен Радомир Антиќ. На клупата на Србија, Антиќ дебитирал во квалификациите за Светското првенство во фудбал 2010 година против Фарски Острви и забележал победа од 2:0.„Srbija - Farska Ostrva 2:0”, Блиц, 6. септембар 2008. Посетено на 6 априла 2017. Наредниот натпревар во квалификациите Србија го одиграла на Стад де Франс против Франција и покрај одличната игра, била поразена со 2:1.„Србија поражена од Француске”, РТС, 10. септембар 2008. Посетено на 6 априла 2017. На 11 октомври Србија ја победила Литванија со 3:0 која до тој натпревар имала две победи и тоа без примен гол.„Srbija ubedljivo pobedila Litvaniju”, РТС, 11. октобар 2008. Посетено на 6 априла 2017. Четири дана подоцна, Србија ја победила Австрија со резултат 3:1 на Ернст Хапел стадионот во Виена.„Pobeda Srbije u Austriji 3:1”, Б92, 15. октобар 2008. Посетено на 6 априла 2017. На 28 март 2009 година, Србија ја победила Романија со 3:2 во Констанца.„Velika pobeda Srbije u Konstanci!”, Б92, 28 март 2009. Посетено на 6 априла 2017. На 6 јуни Србија је победила Австрија со 1:0 на Маракана пред 55 илјади гледачи.„Srbija pobedila Austriju”, РТС, 6. јун 2009. Посетено на 6 априла 2017. Србија своето присуство на Мундијалот го заверила со победата од 5:0 над Романија.„'Petarda' briljantne Srbije za SP!”, Б92, 10. октобар 2009. Посетено на 6 априла 2017. Србија го завршила квалификациониот циклус на прво место, со 7 победи, 1 реми и 2 пораза, со гол разлика 22:8.
Првиот натпревар на Светското првенство во Јужна Африка, Србија го одиграла на 13 јуни против Гана на Лофтус Версфелд стадион во Преторија и изгубила со резултат од 1:0.„Poraz Srbije na startu Svetskog Prvenstva!”, Б92, 13. јун 2010. Посетено на 6 априла 2017. Орлите играле со играч помалце од 74 минута, поради вториот жолт картон на Александар Луковиќ и примиле гол од пенал во 85 минута. На 18 јуни, Орлите ја победиле Германија на Нелсон Мандела Беј стадион во Порт Елизабет со голот на Милан Јовановиќ во 38-та минута.„Srbija pobedila Nemačku!”, Вечерње новости, 18. јун 2010. Посетено на 6 априла 2017. На 23 јуни, Србија е поразена од Австралија со резултат 2:1, и со тоа го завршила учеството на Мундијалот во Јужна Африка.„Srbija završila SP”, Вечерње новости, 23. јун 2010. Посетено на 6 априла 2017. Единствениот гол на тој натпревар го го постигнал Марко Пантелиќ.
Неуспешни квалификации
Европско првенство 2012
Светско првенство 2014
Европско првенство 2016
Квалификации за Светско првенство 2018 Србија била извлечена во групата Д, со полуфиналистите на Евро 2016 Велс, Австрија, Ирска, Грузија и Молдавија. Својата кампања за Светското првенство 2018 година ја започнале со нерешен резултат од 2-2 против Ирска на стадионот на Рајко Митиќ, а потоа продолжиле со добра форма со победи над Австрија, Грузија и Молдавија.
Тоа ги придвижило на првата позиција во нивната група и директна квалификација за Русија. На почетокот на септември Србија одиграла со Молдавија во Белград еден од клучните натпревари каде што издвојувале победа со головите на Александар Коларов, Александар Митровиќ и Мијат Гациновиќ. Тоа ја консолидирала првата позиција во групата, пред двобојот против Ирска за врвот во групата. Тие победиле на тој натпревар со гол од 55. минута на Коларов, што ги приближило до нивна прва квалификација на едно првенство по речиси една деценија. Играјќи против Австрија и Грузија во октомври на крајот од кампањата, нивните резултати во таква конкурентна група сигнализирале промена на формата на репрезентацијата во споредба со последните неколку години. Србија ги завршила квалификациите со победа над Грузија од 1-0 и со тоа го завршила квалификаиониот циклус на првото место од групата Д со што се квалификувала за турнирот во Русија во 2018 година.
Моментален состав Следните играчи биле повикани на натпреварот противМолдавија на 2 септември 2017 година, и за натпреварот против Република Ирска на 5 септември 2017 година. Настапите и головите се ажурирани од 11 јуни 2017 година по натпреварот против Велс.
Галерија
Поврзано Женска фудбалска репрезентација на Србија Фудбалска репрезентација на Југославија Фудбалска репрезентација на Србија и Црна Гора
Наводи
Надворешни врски
Фудбалски сојуз на Србија - службено мрежно место Мрежно место на Фудбалската репрезентација на Југославије, СЦГ и Србија Тимски профил на мрежното место на УЕФА Мрежно место на Белите Орли
Србија Репрезентација