Патрик Кутроне (роден на во , Италија ) — италијански професионален фудбалер кој настапува за екипата на Вулверхемптон Вондерерс и за Фудбалската репрезентација на Италија. Кутроне игра на позиција напаѓач.

Клупска кариера Милан

Патрик Кутроне е роден во Комо и започнал да игра фудбал во рана возраст. Во 2005 година, 7-годишниот Кутроне ја започнал својата младинска кариера во локалниот тим Г.С. Паредиенсе. Во летото 2007 година бил на проби во ФК Интер, ФК Монца и ФК Милан. На 29 јуни 2007 година официјално се приклучил на академијата во Милан, каде што ги поминал следните десет години, играјќи низ разни старосни групи до тимот на Примавера (под 19 години). Во март 2015 година, Кутроне го потпишал својот прв професионален договор со Милан, со траење до 30 јуни 2018 година.

Кутроне за првпат бил повикан во првиот тим за натпреварот против ФК Пескара одигран на 30 октомври 2016 година, но не добил шанса да влезе во игра. Пред тоа, неговото искуство со првиот тим било ограничено на пред-сезонските пријателски и повремени тренинг сесии. Во јануари 2017 година, Кутроне бил промовиран во првиот тим на Милан. На 21 мај 2017 година, тој го направил своето деби во Серија А во домашната победа против ФК Болоња, како замена за Жерар Делофеу во 85 минута. Во тој натпревар Кутроне го заработил и првиот жолт картон.

Летото 2017 година, Кутроне потпишал продолжување на договорот до 30 јуни 2021 година, во времето кога одборот на кинеските управители на Милан потроши над 200 милиони евра за трансфери, при што Милан се здобил со вкупно 11 нови играчи, од кои двајца биле напаѓачите Андре Силва и Никола Калиниќ. Првично, за да го зголеми времето на играње, Кутроне бил убедуван да се придружи на еден од клубовите од Серија А со понизок ранг, но сепак одбил.

На 27 јули 2017 година, тој бил ставен за првпат во почетниот состав во победата од 1-0 над ФК Универзитатеа Крајова во квалификациите за Лигата на Европа 2017-18. На 3 август 2017 година, тој го постигнал својот прв гол за Милан на повратниот меч против Крајова, кој завршил со 2-0 за италијанскиот тим. На 20 август 2017 година го постигнал својот прв гол во Серија А во победата од 0-3 во Серија А против Кротоне. На 24 август 2017 година, тој го постигнал единствениот гол во победата над ФК Шкендија од 1-0 во Лигата на шампионите, и на 28 септември, постигнал гол во последната минута против ФК Риека во групната фаза, натпревар кој завршил со резултат од 3:2 за Милан. Влегувајќи како замена во натпреварот на Купот на Италија против локалниот соперник ФК Интер, Кутроне го постигнал победоносниот и неговиот прв гол во Дерби дела Мадонина.

Летото 2018 година, новиот одбор на директори на Милан одлучил да го доведе во својот тим Гонсало Игуаин. По неговото пристигнување, од сите останати напаѓачи во тимот (имено Никола Калиниќ, Андре Силва и Карлос Бака), Кутроне бил единствениот што не бил ставен на трансфер пазарот.

Во октомври 2018 година, Кутроне го продолжил договорот со Милан до 30 јуни 2023 година, но во летниот период во 2019 година бил продаден на ФК Вулверхемптон Вондерерс.

Вулверхемптон

На 30 јули 2019 година, Кутроне му се придружил на Вулверхемптон Вондерерс потпишувајќи четиригодишен договор. Своето деби за клубот го направил на гостувањето кај Лестер Сити на 11 август 2019 година.

Репрезентативна кариера

Патрик Кутроне ја претставувал Италија за играчи под-15, под-16, под-17, под-18 и под-19 ниво, со што одиграл вкупно 57 настапи и постигнал 27 голови. Кутроне бил дел од тимот и за Европското првенство под 17 години и Европското првенство под 19 во 2016.

Дебитирал со екипата на Италија под 21 години на 1 септември 2017 година, на пријателски натпревар против Шпанија. Три дена подоцна, тој го одиграл својот втор натпревар против Словенија, во кој тој го постигнал својот прв гол во победата од 4-1.

Во март 2018 година, тој бил повикан во Италијанската репрезентација, за пријателските натпревари на Италија против Аргентина и Англија. На 23 март, Кутроне го направил своето меѓународно деби во пријателски натпревар против Аргентина; Италија била поразена со 2:0.

Статистика

Клупска

+Appearances and goals by club, season and competitionКлубСезонаЛигаКупКонтиненталноОстанатоВкупноЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиФК Милан2016–17Серија А1000—00102017–1828105213<6—46182018–19343325410439Вкупно6313841810109027

Репрезентативна

РепрезентацијаГодинаНатпревариГоловиИталија201810Вкупно10

Наводи

Надворешни врски Патрик Кутроне на figc.it Профил на Инстаграм

Категорија:Живи луѓе Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери во Серија А