Димитар Икономов (, — , ) — македонски револуционер, член на МРО / ТМОРО / ВМОРО.Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 118.

Животопис Роден е во селото Ловча, Неврокопско. Завршил педагошко училиште во Скопје во 1899 година. Учителствувал во село Србиново, Горноџумајско и Старчишта, Неврокопско. Соработувал со Јане Сандански. Земал учество во киднапирањето на американската мисионерка мис Елен Стон. Во 1903 година бил затворен во солунскиот затвор Еди Куле. Бил амнестиран во 1904 година.

Бил подвојвода во неврокопската реонска чета на војводата Петар Милев. Членувал во Неврокопскиот околиски комитет и бил и реонски војвода во Неврокопско. Од 1906 година бил член на Серскиот окружен комитет на ВМОРО. Учествувал во Балканските и Првата светска војна.

Во 1920 година бил избран за кмет на Неврокоп. Во 1922 година се спротивставил македонската револуционерна организација биде водена од Тодор Александров, по што бил ликвидиран од неговите четници.

Наводи

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски преселници во Неврокоп Категорија:Убиени по наредба на Тодор Александров Категорија:Дејци на МРО Категорија:Дејци на ТМОРО Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Воспитаници од Скопското педагошко училиште Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Дејци на Привременото претставништво на поранешната Внатрешна организација