Камака (мангаревански: Kamaka) — мал остров во Тихиот Океан. Географски островот е дел од островската група Туамоту, но политички е сместен во Гамбје, и двете островски групи се дел од Француска Полинезија. Островот е на 11.7 километри јужно од Мангарева во рамките на истата лагуна. Камака е долг околу 1 километар и 700 метри широк, со вкупна површина од 0.5 км2. Највисоката точка на островот е 166 метри.

Северозападно од Камака е островот Макароа а на североисток е островчето Мануи.David Stanley, Tahiti-Polynesia handbook Островот Камака не е населен.

Галерија

Наводи

Надворешни врски Мангарева, Тахити - Смртта на луѓето Карта

Категорија:Гамбје