Манастир Гомионица со црква посветена на Воведение на Пресвета Богородица во храм се наоѓа 42 km западно од Бања Лука, во селото Кмеќани кај Бронзани Мајдан.
Историја
За манастирот Гомионица е изнесен ставот дека потекнува од времето на турската окупација. Храмот според изгледот е сличен на оние кои се градени во 14-от век, а сличноста се гледа пред сè во четирите столба, во куполата, и во отсуството на пиластар.
Манастирот е првпат споменат писмено во 1536 година во турски извори, во кои се споменува игуменот Андрија. Најстариот зачуван предмет е типик на манастирот, кој потекнува од 1599 година. Денес се чува во епархиската библиотека во Арад, во Романија.
Кон крајот на XVII век, монасите пребегале во манастирот Ходош во Банат, а во 1738 година, во славонскиот манастир Пакра. Во текот на XVIII и XIX век, црквата била неколкупати поправана. Постоела манастирска школа од 1882 година, која ја посетувал и познатиот писател Петар Кочиќ.
Архитектура Гомионичката црква е градба со купола, полукружна олтарска апсида и припрат. Сводовите внатре во црквата се потпираат на пиластри, а на дното има полукружно засведени премини, што на црквата и дава привидно тробродна основа.
Фрескопис и икони Фреските во црквата се со стилски одлики кои се налик на оние што во XVI век биле насликани во манастирот Грачаница, манастирот Ловница , во манастирот Студеница, и други. Во манастирот постои збирка на икони од XVI до XIX век, како и стари ракописни и печатени книги од XIV — XVII век и уметнички предмети. Позлатениот сребрен крст од 1640 година е изработен од Стефан Ивановиќ Сарајевац од Сомбор, денес се наоѓа во Лондонскиот универзитет. Галерија
Наводи
Надворешни врски
Манастир Гомионица Туристичка организација на Република Српска: Манастир Гомионица Митрополија Дабробосанска Предање и историја Цркве Срба у светлу археологије
Категорија:Верски објекти во Бања Лука