Бранко Наумоски (, ) — претседател на Уставниот суд на Македонија и прв народен правобранител на Македонија.

Животопис Во 1969 година, тој завршил средно образование во гимназијата „Кочо Рацин“ во Скопје. Во 1975 година, тој дипломирал на Правниот факултет во Скопје, а во 1976 година положил правосуден испит.

Од 1975 до 1981 година работел најпрво како приправник, а потоа како стручен соработник во основното јавно обвинителство во Скопје. Во 1981 година бил избран за заменик-јавен обвинител во основното јавно обвинителство Скопје. Во 1987 година станал помошник на министерот за правда задолжен во секторот за извршување на кривични санкции, што подразбира надзор, увид и следење на уставноста и законитоста во спроведување на правата на осудените лица. Бил избран за главен републички управен инспектор во републичкиот управен инспекторат во 1995 година.

На 3 јуни 1997 година, тој бил избран за народен правобранител и ја вршел таа функција од јули 1997 година до декември 2004 година. На 6 декември 2004 година, тој бил избран за судија во Уставниот суд на Република Македонија, а од 2010 година, тој станал и негов претседател.

Наводи

Надворешни врски Биографија на Бранко Наумоски

Категорија:Луѓе од Букојчани Категорија:Македонски правници Категорија:Југословенски правници Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје