Зинедин Јазид Зидан (роден на година, во Марсеј), e француски фудбалски тренер и поранешен играч од средниот ред.

Познат и по својот прекар Зизу, Зидан важи за еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот. Својата кариера ја започнал во дебитирајќи за првиот тим во 1988 година, а својата афирмација ја доживеал во дресот на кому му се приклучил во 1992 година. Во 1996 преминал во , каде во пет сезони освоил две титули во Серија А, еден Суперкуп на Италија, еден Суперкуп на УЕФА и еден Интерконтинентален куп. Во летото 2001 година, Зидан направил трансфер во за тогаш рекорден износ од 77.5 милиони евра, каде придонел кралевите својата ризница на трофеи да ја збогатат со уште една титула во шпанското првенство и два Суперкупа на Шпанија, како и титулите во Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и Интерконтиненталниот куп. Неговиот победнички гол во финалето на Лигата на шампионите, постигнат со волеј-удар со левата нога се смета за еден од најубавите голови во историјата на овој спорт. По завршувањето на сезоната 2005-2006, тој го најавил своето пензионирање од фудбалот.

За француската репрезентација одиграл вкупно 108 натпревари и постигнал 31 гол. Со триколорите учествувал на три светски (1998, 2002 и 2006) и три европски првенства (1996, 2000 и 2004) и бил еден од главните протагонисти во освојувањето на Светското првенство 1998 на домашен терен - постигнувајќи два гола во победата со 3-0 над во финалето - и Европското првенство 2000.

Зидан е добитник на голем број поединечни награди и признанија: тој ја освоил Златната топка во 1998 и трипати бил прогласен за Светски играч на годината според ФИФА (1998, 2000, 2003), рекорд кој го дели со Роналдо. Во 2004 година, тој бил вклучен во ФИФА 100, списокот на 125 најдобри живи фудбалери избрани од Пеле и ФИФА по повод прославата на стогодишнината на федерацијата. Британската телевизиска куќа BBC го нарекла најдобриот европски играч во историјата на фудбалот, додека УЕФА го прогласила за најдобар Европски играч во изминатите педесет години. Покрај тоа, тој бил вклучен во списокот на најдобрите единаесет играчи во историјата на фудбалот според магазинот World Soccer. Бил вклучен и во Идеалниот тим на деценијата од The Sun во 2009 година.

По завршувањето на кариерата, тој станал тренер и го водел Реал Мадрид до три титули во Лигата на шампионите (споделен рекорд со Боб Пејсли и Карло Анчелоти), потоа до еден наслов во шпанската лига, два Суперкупа на УЕФА, два Суперкупа на Шпанија и две титули на Светското клупско првенство. Зидан бил првиот и единствен француски тренер кој бил победник во Лигата на шампионите. Заедно со Фабио Капело и Марчело Липи, тој е единствениот тренер кој стигнал до финалето на Купот на шампионите/Лигата на шампионите три години по ред, но е единствениот кој ги освоил сите, со што станал првиот тренер кој освоил три последователни изданија на најквалитетното европско клупско натпреварување.

Биографија Семејство и потекло

Зинедин Зидан потекнува од берберско семејство,Il suo nome arabo è Zayn al-Dīn Zaydān (). има три браќа и една сестра. Неговите родители потекнуваат од Кабилија, берберски регион во северен Алжир. Роден во Марсеј, Зидан има двојно државјанство, француско и алжирско. Неговиот татко, Смаил Зидан, муслимански свештеник и проповедник, решил да го премине Медитеранот и да замине на работа како ѕидар во Франција. во 1953.. p. 99 По независноста на Алжир, во 1962 година, Смаил сакал да се врати во својата татковина, откако поминал девет години на градилиштата во Сена-Сен Дени. Но, непосредно пред да се качи на авион од Марсеј, тој се сретнал со Малика, жителка на Марсеј, која по потекло била исто така од Кабилија, со која се оженил брзо потоа. На крајот, парот решил да остане во Франција и да живее во Марсеј.

Приватен живот

На седумнаесет години, Зинедин Зидан ја запознал својата идна сопруга Вероник; парот се венчал во 1994 година и имаат четири деца: Енцо (роден 1995 година во Бордо и крстен во чест на Енцо Франческоли, идол од детството на Зизу) Лука (1998) и Тео (2002), родени во Марсеј, и Елјаз (2005), роден во Мадрид.

Сите играле за Реал Мадрид: Енцо играл како играч од средниот ред (Реал Мадрид Ц/Реал Мадрид Кастиља), Лука како голман (Реал Мадрид Кастиља и првиот тим повремено), Тео како напаѓач (Инфантил Б) и Елјаз (Бенхамин А).

Повикан и од Франција и Шпанија, најстариот син Енцо во 2009 година одбрал да ја претставува репрезентацијата на Шпанија под 15 години, а потоа и француската репрезентација под 19 години во 2014 година. На 16 ноември 2015 година, Енцо го направил своето деби за Реал Мадрид Кастиља, вториот тим на кралевите, во Сегунда Б (третата лига по ранг во Шпанија) додека екипата од клупата ја водел неговиот татко. Исто така неговиот втор по возраст син, Лука, минал низ академијата на Реал Мадрид и играл за Кастиља од 2016 до 2019 година. За разлика од Енцо, Лука отишол чекор по далеку и дебитирал за првиот тим кога неговиот татко му укажал шанса во натпреварот од последното коло на Примера Дивисион 2017-2018 против Вилјареал што завршил 2-2. Следната сезона, Лука бил трет голман на Реал.

Денес Зинедин Зидан престојува во Мадрид, во населбата Конде де Оргас, каде поседува имот од 600 м². Исто така, поседува голем имот во општината Оне-ле-Шато, во регионот Родез.

Во врска со својата религија, Зидан се дефинирал како „муслиман што не ја практикува верата“.

Зидан има доброќудна таласемија, генетска болест која е распространета во областа на Средоземјето, што предизвикува природен замор.

Други активности Од 2001 година е амбасадор на Онединетите нации (ООН). Во неговиот роден град, Марсеј, Зидан основал фудбалска школа со цел да им помогне на најсиромашните деца.

Технички карактеристики Инспириран од сонародниците Мишел Платини и Рaјмон Копа, Зидан бил офанзивен играч од средниот ред способен да комбинира физичка сила и одлични технички вештини. Неговата омилена улога била зад напаѓачите, иако во кариерата понекогаш играл како втор напаѓач, како централен играч од средниот ред во 4-4-2 формација во улогата на пелјмејкер во средниот ред во 4-3-3 формација.

Иако никогаш не бил многу брз, имал добро забрзување со топката во нозете. Демонстрирал одлични вештини во диктирање на темпото на тимот и во обезбедувањето асистенции за соиграчите, тој исто така бил надарен со имагинација, чувство за позиција и одлична визија за играта сето тоа надополнето со вродена елеганција, и фантастична контрола на топката и дриблинг. Зидан е амбидекстер а покрај тоа имал одлична завршница, поради што често постигнувал одлучувачки голови во својата кариера, иако не бил особено плоден стрелец. Специјалист бил за изведување пенали, и слободни удари, а исто така бил вешт и во играта во воздухот. И покрај неговиот мирен и интровертен карактер, тој бил ценет и заради неговите водачки способности, духот на пожртвуваност и вниманието кое го посветувал и во дефанзивната фаза од играта.

Клупска кариера Почетоци Зинедин Зидан е роден на 23 јуни 1972 година, во Марсеј. Неговото име на арапски значи „убавина на религијата“. Во неговата населба во Марсеј, тој ги направил своите први чекори во светот на фудбалот, а неговиот идол во овој спорт отсекогаш бил уругвајскиот офанзивен играч од средниот ред Енцо Франческоли. Покрај Франческоли, тој бил обожавател и на Блаж Слишковиќ и Жан-Пјер Папен, сите тројца играле за Олимпик Марсеј во време на неговото детство.

На деветгодишна возраст, Зидан се приклучил на маалскиот клуб, АС Фореста 11, на кои наскоро станал капитен.. Следната година, во 1982 година, тој се приклучил на екипата на Сен Хенри, каде го носел дресот со број 10. Во 1983 година, тој отишол во Септемс-лес-Валонс и последователно во Олимпик Марсеј. Во истата година учествувал со некој младински селекции на неколку турнири за млади, за време на кои го привлекол вниманието на Жан Варо, во тоа време скаут на Кан. Тој отишол во Кан на шестнеделна проба. Откако од клубот почувствувале дека момчето има голем капацитет, на крајот одлучиле да му понудат професионален договор..

Кан Зидан се приклучил на тимот Кан во 1987 година, на возраст од петнаесет години, во времето кога тренер бил Ги Лакомбе. Тој престојувал во Пегомас, село кое во иднина ќе посвети еден плоштад со неговото име. Во овој период за Зидан била важна помошта на Варо.. Дебито во дресот на Кан го направил на 20 мај 1989 година, на само 16 години, во натпреварот од Лига 1 против Нант кој завршил 1-1; тој влегол во игра на дванаесет минути до крајот на натпреварот. На 10 февруари 1991 година, Зидан го постигнал својот прв професионален гол во кариерата, во првенствената победа со 2-1 против Нант, за што ќе биде награден од претседателот на клубот со нов автомобил. На крајот од сезоната, Кан се нашол на четвртото место, квалификувајќи се во Купот на УЕФА. За време на неговата последна сезона во Кан, забележил 38 настапи (во првенството, Купот на Франција и Купот на УЕФА) и постигнал 5 гола, но исто така бил забележан од неколку тренери кои се обиделе на секаков начин да го купат.

Бордо Во 1992 година, Зидан се приклучил на Бордо, по испаѓањето на Кан, кој го купил за 3 милиони франки (460,000 евра). Пристапот во новиот тим го олеснува присуството на тренерот Ролан Курбис, кој е исто така од Марсеј. Токму Курбис ќе му го даде на Зидан прекарот „Зизу“. Со француските соиграчи Кристоф Дугари и Биксант Лизаразу тој го формирал „триаголникот на Бордо“. На крајот од првата сезона, Зидан постигнал 10 гола и одиграл 35 натпревари, што го прави најдобриот играч на тимот.

Квалификуван за Купот на УЕФА, благодарение на четвртото место во првенството, Бордо успеал да оствари одлични резултати во првенството и во следната сезона, особено благодарение на Зидан. И покрај црвениот картон кој го добил против Олимпик Марсеј поради удирање на Марсел Десаи во септември 1993 година, Зидан станал миленик на навивачите на неговиот тим.. Раната елиминација во Купот не го спречила Бордо да го заврши првенството на одличното четврто место. На крајот на сезоната, откако постигнал 6 гола на 34 натпревари, Зидан бил прогласен за Млад фудбалер на годината според НСПФ во 1994 година. Во следната сезона, Бордо бил елиминиран веднаш во Купот на УЕФА и го освоиле петтото место во лигата. Зидан останал една од клучните точки во тимот, постигнувајќи шест 6 гола на 37 натпревари.

Во сезоната 1995-1996, Бордо го освоил Интертото купот, благодарение повторно на Зидан кој постигнал 8 голови на 8 натпревари. Во четвртото коло на Купот на УЕФА, Зидан постигнал гол од четириесет метри во двобојот против Реал Бетис. Во четвртфиналето, Бордо се сретнал со Милан.. Откако го загубиле првиот натпревар со 2-0 во Италија, французите успеале да го надминат дефицитот и во реваншот да минат натаму по победата со резултат од 3-0. Зидан бил главен протагонист во успехот на жирондинците со двете асистенции за авторот на двата гола Кристоф Дугари. Бордо стигнал до финалето, меѓутоа таму загубиле од . Зидан ја завршил сезоната со 6 гола на 33 натпревари и ја добил својата втора награда од НСПФ, овој пат за најдобар фудбалер на годината за 1996 година.

Во Бордо Зидан одиграл четири сезони, постигнувајќи 28 голови на 139 натпревари во лигата.

Јувентус Во пролетта 1996 година, Зидан потпишал договор со тогашниот европски шампион, италијанскиот Јувентус за 7,5 милијарди италијански лири, со што започнала неговата авантура во странство. Во клубот тренер му бил Марчело Липи, кој му помогнал многу во развојот и подобрувањето на неговата игра. Во почетокот тој морал да се прилагоди на многу потешките тренинзи во клубот во споредба со оние кој ги имал во Франција, иако пред да потпише тој бил предупреден за тоа од сонародникот Дидје Дешан кој бил во Јувентус веќе две години. Зидан одлучил да го носи дресот со бројот 21.