Црква Св. Атанас — археолошко наоѓалиште во прилепското село Сенокос. Претставува осамени наоди од римско време. Се наоѓа во ѕидот на селската црква „Св. Атанасиј“, каде од надворешната страна е вѕидана надгробна плоча од мермер со старогрчки натпис. Во црквата се чува плоча од мермер во облик на медалјон со релјефна претстава на три бисти, а во припратата има две стебла од столбови и дел од архитравна греда од мермер.
Поврзано Ашкулица — населба од доцноантичко време; Бела Чешма — населба од доцноантичко време; Могила — населба од неолитско време; Пуста Црква — населба од римско време; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
Наводи
Категорија:Сенокос (Прилепско)