мини|десно|400п|Карта на сојузните држави на САД со нивните знамиња.
Знамињата на сојузните дражви, територии и федералниот округ се одликуваат со регионални разлики согласно месната историја, како и различните стилови и ликовни начела. Сепак, највеќето имаат амблеми на еднобојна заднина, често со сина боја.
Најновото државно знаме е она на Јута (преработено на 16 февруари 2011), а најновото територијално знаме го имаат Северните Маријански Острови (1 јули 1985).
Историја Современите знамиња на државите потекнуваат од 1890-тите, со желбата сојузните држави да бидат претставени со свои посебни обележја на Светската изложба во Чикаго во 1893 г. Највеќето од нив се осмислени и усвоени помеѓу 1893 г. и Првата светска војна.
Во 2001 г. Северноамериканското вексилолошко здружение спровело анкета за знамињата, чиј исход вели дека Ново Мексико има најдобро ликовно решение во цела Северна Америка, а најлошото ѝ припаѓа на Џорџија. Во 2003 г. Џорџија усвоила ново знаме, и со тоа ѝ ја отстапила честа на најлошо знаме на второпласираната Небраска, која и понатаму го користи.
Тековни државни знамиња Ова се тековните знамиња на сојузните држави на САД. Датумите во загради се однесуваат на денот на усвојување на знамето во законодавниот дом на дадената држава.
Тековни знамиња на териториите и федералниот округ
Ова се тековните знамиња на федералниот округ и териториите на САД. Датумите во загради се однесуваат на денот на усвојување на знамето во законодавниот дом на дадената територија/округ.
Државното знаме на САД е службено (званично) на сите острови, атоли и гребени во состав на малите оддалечени острови на САД. Меѓутоа, службените (званични) знамиња се во употреба во пет од овие девет островски територии:
Бејкеровиот Остров, Хауленд, Џарвисовиот Остров и Кингменовиот Гребен немаат знамиња.
Тековни поморски знамиња Мејн и Масачусетс имаат поморски знамиња кои се разликуваат од нивните државни знамиња.
Историски државни знамиња
Поранешни државни знамиња
Американска граѓанска војна
Тексашка револуција
Други
Поврзано Знаме на САД Грбови на сојузните држави на САД
Белешки
Наводи
Надворешни врски
Знамиња на сојузните држави на САД
Категорија:Списоци за САД