Гент-Вевелгем 2017 (службено: Гент-Вевелгем — Во полињата на Фландрија) — 79. издание на велосипедската еднодневна трка Гент-Вевелгем, која се одржала на 26 март како дванаесетти настан во сезоната на Светската турнеја.
По победата на Е3 Харелбеке, два дена претходно, Грег ван Авермат ја продолжил својата добра форма со победа за во меѓусебниот спринт со сонародникот Јенс Кекелејре, кој вози за екипата . Двоецот се одвоил од помала група на возачи на пат кон Вевелгем. Подиумот бил заокружен од светскиот првак Петер Саган (), откако главната група ја достигнала помалата група кон крајот на трката.
Рута
Трката започнала во Дејнзе во Источна Фландрија, 20 километри од Гент. Рутата веднаш ги носела во Западна Фландрија и по околу 90 километри рамен терен биле близу брегот кај Верне. Потоа, повторно вртеле кон внатрешноста, продолжувајќи кон француската граница и на половина пат поминале низ Франција, со првото од десетте искачувања на трката. Потоа следел Кокерелберг, Верт Мон и двете искачувања на Мон Ноар, преку Кот ди Равел Пит и Кот де ла Бланшисер. Потоа, возачите се вратиле во Белгија и се искачиле на Банеберг, Кемелберг и Монтеберг.
Следел порамен дел со круг околу Мезен, Плугстерт и Ниускерке. Во рамки на овој круг била новината за трката во 2017 година. На 24 ноември 2016 година било објавено дека Гент-Вевелгем 2017 ќе даде почест на жртвите во Првата светска војна од Фландрија и во чест на Божиќното примирје, вклучувајќи три неасфалтирани делови кај Споменикот на исчезнатите во Плугстерт. Последните две искачувања биле повторување на комбинацијата Банеберг-Кемелберг; на врвот на последното искачување останувале уште 34 километри до целта во Вевелгем.
Категоризирани искачувања и калдрми
+ Искачувања и сектори со калдрма на Гент-Вевелгем 2017 Име Растојание од Должина(метри) Наклон (%) Почеток() Цел() () () 1 Мон де Катс 135,6 113,6 500 9% 14% 2 Кокерелберг 139,1 110,1 1200 6,2% 12% 3 Верт Мон 141,4 107,8 2300 3,6% 8% 4 Мон НоарКот ди Равел Пит 143,7 105,5 2370 4,4% 13,9% 5 Мон НоарКот де ла Бланшисер 148,9 100,3 2370 4,1% 13,9% 6 Банеберг 166,5 82,7 270 9% 13% 7 КемелбергБелведер 174,5 74,7 3000 4% 22% 8 Монтеберг 178,5 70,7 1000 7,3% 10% – Плугстретс 189,7 59,5 4700 — 9 Банеберг 210,3 38,9 270 9% 13% 10 КемелбергOssuaire 214,9 34,3 502 11,6% 22%
Екипи
Бидејќи Гент-Вевелгем е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Седум професионални континентални екипи биле дополнително поканети, заокружувајќи ја главната група од 25 екипи. Бројот 192 не бил искористен во знак на почит за Антоан Демоатје, кој го носел бројот за пред неговата смрт на Гент-Вевелгем 2016.
Поредок Завршен пласман
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Гент-Вевелгем Категорија:Светска турнеја на UCI 2017 Категорија:Белгија во 2017 година