Патување до Месечината (француски: Le voyage dans la lune) - француски филм од 1902 година, во режија на Жорж Мелјес. Овдаховен од повеќе разни извори, вклучувајќи го романите „Од Земјата до Месечината“ и „Околу Месечината“ на Жил Верн, филмот прикажува една група на астрономи кои патуваат до Месечината во топовско-придвижена капсула, ја истражуваат површината на Месечината, бегаат од подземна група на Селенити (месечевите жители), и се враќаат на Земјата со еден заробен Селенит. Филмот прикажува ансамблен состав на глумци на француски театарски изведувачи, предводени од самиот Мелјес во главната улога на Професор Барбенфуиљи, и е снимен во изобилен театарски стил поради што Мелјес станал познат.
Филмот бил меѓународно познат успех на неговото објавување, и бил опширно пиратиран од останатите студија, особено во Соединетите Држави. Неговата невообичаена должина, раскошните продукциски вредности, иновативните посебни ефекти, и нагласокот на раскажувањето биле значително влијателни на останатите филмаџии и после сè на развојот на наративниот филм како целина.
„Патување до Месечината“ бил именуван за еден од 100те најдобри филмови на 20 век од страна на „The Village Voice“, рангиран како 84ти. Филмот останува како најпознат од стотиците филмови направени од Мелјес, и моментот во кој капсулата слетува на окото на Месечината останува еден од најиконските и постојано наведени слики во историјата на киното. Тој е широко сметан како најраниот пример на жанрот научна фантастика и, поопшто, како еден од највлијателните филмови во историјата на киното.
Приказна
На средба на Астрономскиот клуб, неговиот претседател, Професор Барбенфуиљи, предложува експедиција на Месечината. Откако изразуваат одредено одбивање, пет други храбри астрономи-Нострадамус, Алкофриба, Омега, Микромега, и Парафарагараму-се согласуваат на планот. Тие прават вселенска капсула во облик на куршум, и огромен топ за да ја исфрлат кон вселената. Астрономите тргнуваат и нивната капсула е истрелана од топот со помош на “морепловци“, повеќето од кои се глумени од група на млади жени во морнарски облеки. Човекот на Месечината ја гледа капсулата како што се приближува, и го погодува во окото.
Слетувајќи безбедно на Месечината, астрономите излегуваат од капсулата без потреба од вселенски костуми и ја гледаат Земјата како изгрева во далечината. Изморени од нивното патување, тие ги одмотуваат нивните ќебиња и заспиваат. Како што спијат, една комета поминува, Големата Кола се појавува со човечки лица како ѕиркаат од секоја ѕвезда, стариот Сатурн се навалува на прозорецот во неговата прстенеста планета, и Феба, божицата на Месечината, се појавува седната во полумесечинска лулашка. Феба предизвикува паѓање на снег кој ги буди астрономите, и тие бараат засолниште во пештера каде тие откриваат огрномни печурки. Еден астроном го отвора неговиот чадор; чадорот брзо фаќа корен и сам се претвора во огромна печурка.
Тогаш, Селенит (инсектоиден вонземски жител на Месечината, именуван според една од грчките месечеви божици, Селена), се појавува, но е лесно убиен од еден астроном, како што суштеството експлодира тие се удрени од силата. Повеќе Селенити се појавуваат и станува сè повеќе тешко за астрономите да ги уништат како што се опколени. Селенитите ги заробуваат астрономите и ги носат во палатата на нивниот крал. Еден астроном го крева селенитскиот крал од неговите престол и го фрла на земја, предизвикуваќи го да експлодира.
Астрономите трчаат назад кон нивната капсула и постојано ги маваат гонителите-Селенити, и петмина влегуваат. Шестиот астроном, самиот Барбенфуиљи, користи јаже да ја преврти капсулата преку еден дол на Месечината и кон вселената. Еден Селенит пробува да ја фати капсулата во последен миг. Астрономот, капсулата, и Селенитот паѓаат низ вселената и слетуваат во еден океан на Земјата, каде тие се спасени од еден брод и се влечени на брегот. Последниот дел (го нема на некои испечатени слики на филмската лента) прикажува славеничка парада во чест на враќањето на патниците, вклучувајќи и покажување на фатениор Селенит и разоткривање на споменик-статуа која го носи мотото „Labor omnia vincit“.
Белешки
Наводи
Категорија:Француски филмови Категорија:Неми филмови Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмови од 1902 година Категорија:Научнофантастични филмови Категорија:Филмови на Жорж Мелјес